Во неколку од прашањата од претходните тестови забележав дека и биографијата е потребна. Пример имаше прашање за Оноре де Балзак нешто за неговото творештво. Истото и за Молиер. Искрено јас планирам да учам од биографијата. Не се знае како ќе биде. А за административно писмо можеш само да прочиташ, нас така ни рече професорката. Ни рече и нe стилистика да учиме на памет, него да ја прочитаме само. Забележав дека не се бараат години, туку векови. За грчка, римска и словенска митологија немало до сега, ама што знаеш како ќе биде. Инаку мислам дека нема да биде тешко и дека ќе дозволат да има поткажување, препишување и помош од професори. Пред 2 години имало но не како сега, лани било многу лесно да се препишува не им вршеле некоја огромна контрола. Така се пофалија сите. Мислам дека нема да биде многу тешко + ако научиме. А ќе заборавев, граматика гледав во претходните тестови имаше од 12 до 19/20 прашање. Што мислам дека е ненормално многу. Чичко Горио беше два пати во рок од 2 години паднат, истото и Тартиф. Хамлет, Големата вода, Црнила и Крпен живот по еднаш. Имаше и извадок песни од народната литература и од Гане Тодоровски мислам дека беше. Толку забележав. А и за оценката еве што мислам. На крајот од тестот/испит Spoiler што и да е има 2 текстови, од нив има извадено прашања. Со самиот одговор на тие прашања се добива двојка, па неколку прашања од граматика (акцент, акцентски целости, самогласки, согласки, глаголски времиња) се стигнува до тројка. Плус есејот, и нешто од делата, може да се стигне до четворка. Мене ми е многу битно да не се исплашам или трема да имам, иначе џабе ќе е се.
^Џабе се тие калкулации кога критериумот го прават откако ќе ги добијат резултатите како што знам јас, па зависно од тоа е бодовната скала и мислам дека е глупо да се пресметува ако го решам ова или она ќе имам тоа и тоа.
Абе знаеш како, мора да се има барем нешто осмислено. Јас секогаш така си тргнувам, ете и нека не е така. Но со одговор на последните 2 текста сигурно се добивало двојка. Па другото после е на нас. И да за бодовната скала си во право, сите ние зависиме од тој/таа што ќе има највисок број на поени. Па дајбоже да е некој од нас
Да, те сфаќам што сакаш да кажеш абе и јас, и кој не, ама кога ја знаеме скалата, а вака што џабе на претпоставки. Офф маки си имаме. Јас англиски сега барам правила за пишување на писмата тоа, неформална комуникација ако најде некој нека пише
да ти помогнам колку можам, јас ги имам сите на листови од класната нас ни ги даваше во средно, ама и овие ќе ти помогнат исто добро http://www.wikihow.com/Write-a-Letter http://www.scribd.com/doc/12258697/How- ... al-Letters http://www.writing-lovers.com/informal_letter.html Добро што праат професорите, не ви даваа како се пишуваат сите видови на писма,formal, informal, letter of recommendation итн???
Фала Хипстер ќе разгледам, а инаку кај мене даваше линкинг вордс и правила за сите можни есеи, ама за концерт, билет за фудбалски натпревар или флаер пр. што се неформални или најобично писмо (мислам на датум,адреса каде стојат) не кажа, само имаме пишувано примери, па сега муабетов ми е дали таму треба да се пази само на адресите и датумот, а другото е во наша слободна режија или? За формалните знам, ми требаше за неформалново, ама изгледа нема некои правила освен тоа лево-десно дати и адреси твои и на другарчето на кое му пишуваш пр. Фала ти и тебе Примавера, ама нема параграфи во неформалното кое ми требаше? Тоа значи дека нема правила освен адреси како што можам да сфатам...
те сваќам, имам јас листови за сите с милион примери, од некои книги од оксворд, и има бајаги објаснето. Ако ги најдам ќе ги сликам, немам скенер за жал за да ти помогнам. Со среќа, англиски е каде каде полесно од Македонски, барем пред 3 години беше. И имате среќа, од догодина ако го напраат тоа што викаат, да полагат у сали, со блокажа, со камери да неможеш да се свртиш. П.С најдов нешто на интернет што може ќе ви користи, убави примери, ставам во спојлер Spoiler Формално писмо http://www.usingenglish.com/resources/l ... riting.php http://owl.english.purdue.edu/owl/resource/653/01/ http://www.dei.isep.ipp.pt/~amb/pdf_mat ... emails.pdf На окфорд страната ко за беља има за други јазици само за Англсики нема Писма за препораки http://www.dailywritingtips.com/writing ... -examples/ http://www.writeexpress.com/reference-letter.html
Пишуваш дата, воведен, главен и завршен дел. Така ни рече нас професорот, е сега овде кај емаилов нема. И јас се збунив сега
Не се замарајте со местото на адресите, лани специјално беше нагласено да не се пишува адресата. Само, тоа може да биде и нивни трик, затоа што има многу луѓе што бегло читаат, па ќе видат адреса и ќе стават. Пазете на вакви ситници. И мој совет, по милионити пат, разгледајте правилата, ама применувајте ги во пракса. Баталете учење на памет, вака или така, земете и пишувајте есеи, вежбајте се.
Шо се секирате Карина пак ќе ја дознае темата една вечер унапред Дузи ти текнува едит: Примавера а ти мислиш се зеза некој со тебе на матура, па ако пишува не пиши адреса нема што да пишуваш. Не за џабе така нагласиле.
И ако речат да не пишуваме адреса, да не пишуваме? Едит: Не ја разбрав убаво Дузи, затоа прашав . Иначе Карина секако дека ќе очекуваме да ја разбереш темата и да ни ја соопштиш
Па не пишувате, ами како! Ако ме држи добро сеќавањето, со болдирани букви беше напишано Do not include the recipient's address! веднаш под темата. Не четири, осум пара очи ќе отварате што и како ви бараат. Едит - И да ја слушате Карина, мафија бевме лани тука.
Јас лани успеав да ја дознаам темата од една другарка шмизла што има јаки врски во министерство И не бев себична ја споделив со сите овде, иако тоа одеше на моја штета зашто оценувањето е според најдобрите поени. Гајле ми е јас не сум скржава и затоа со добро ми се врати си имам стипендија све како што треба се одвива. Затоа ако некој од вас нешто научи не бидете себични, споделете со другите. Зашто да криете, помогнете и ќе ви се врати. Онака ако сте скржави ќе немате среќа и ништо нема да напишете. Ние лани мафија бевме тука Какво министерство, партали ги направивме.
Карина, ако ја дознаеш пиши ја тука, па ако треба ќе се собереме сите матурантки ќе те почастеме нешто по твоја желба.
И ја земав стипендија. Поука - дознајте ја темата од фемина и земете стипендија. Само, немојте како мене скептици да бидете, јас ја видов во 8 и пол сабајле и бев скептик, со Карина преку телефон и Скајп се убедувавме, држ не дај, таа е, не е таа, таа е... Мене искрено ми користеше времето што само подразмислив малку, немав ништо напишано, така отидов. Ама и тоа помага, зш кога ќе те стрефи паника сред полагање, тешко дека ќе можев баш смирено да мислам. И на сите другарки што им ја кажав, не ми веруваше никој, и никој не напиша предвреме. Ама добро, битно сите положија и сите си се запишаа каде сакаа. Мори Карино на што ги учиме децава, срамотилаци!
Ма бегајте бе не верувам на никој веќе. И другарка ви Дузи чоколада ме части од матурата уште Се шалам Дузи многу си помагавме околу матурата тогаш, се консултиравме и споредувавме искуства. Вие почнете да се договарате околу тоа што ќе частите, па да размислам дали да ја дознаам. Доста се зезам, што и да дознаам веднаш ќе ве известам не берете гајле ич вие за тоа Тука сме ние ветеранките за помош едит: Другарке мила Дузи, јас си имам среќа оти сум многу несебична Умре циганката што ме фали па морам сама Се шалам, ете и Дузи не беше себична и на сите помагаше колку може па и она си имаше среќа да си земе стипендија. Далеку дека ако немаш знаење само на среќа се зема, ама сепак некогаш ситни нијанси одлучуваат па ти треба и среќичка.
^Ајде ајде, не ми вади муабети, се препивме ја и ти кафе годинава. Ќе ве биде дечки, јас не се сомневам во вас. Плус повеќе сте годинава, лани само јас и Карина го предводевме таборот, Ани.мк чат-пат идеше, другите нередовни беа. Битно, сталожени, сконцентрирани, параграфи користете, осмислени аргументи, се по ред. Оти џабе и да ја разберете темата два дена однапред ако не го напишете есејот како што треба, ништо не сте направиле. Ќе си ја поминете книгата, никако напамет учење и така. Само вежбајте, прити прити плиз напишете барем 10 есеи англиски пред да одите на матура. Македонски вежбајте си, тие се подолги, не мора десет, ама еве, 3-4 пробајте. п.с. Кај мене некои од клас криеја учебници во вц. Не дека ви давам лоши идеи, лично јас не се помрднав 4 часа од столот оти ми беше страв дека професори ВРИЕШЕ и тоа не од моето школо, ама една школска се ,,потсети,, на 2-3 работи и баш убаво и дојде на крај кога си извади петче.
девојки ме интересира дали ги учете биографиите на писателите.некој овде спомна дека имало и такви прашања
Стварно бе , мене не ми беше битно толку зашто веќе бев примена за разлика од Дузи јас полагав за стипендија пред матура а она си доби кога се упиша поради добри вкупни поени. Ама да, имаше можност да се иде до вц на 5 минути, ставете таму учебник и ако се мислите меѓу 3-4 прашања набрзина потсетете се Алал да ни е како ве учиме, ама па некогаш треба и снаодливост не е се во знаење. Мене една завеана ми се погоди што не надгледуваше каков беше мојот тест, таков беше на цела училница. Па им диктирав и состави на пола, некои глупави основни реченици колку да поминат Инаку кажете ми кога полагате ќе се обидам да расчепкам пак како лани околу темиве, би требало нешто да дознаам. Само проблем е што ќе бидам во Америка и дека не е исто времето да не се падне да имам обврски и да не сум во можност ..