Дузи, не мора есеј. Пишува таму ’ Напиши текст..‘ Што значи дека не мора есеј, туку може каков било текст, но убаво да се познават параграфите. Јас на пр. ќе напишам текст каков што пишуваме на писмени со 3 параграфа. На 9ти полагаме.
Цела биографија не учам. Сигурно дека нема да има прашања од типот „Како му се викала првата жена на авторот?“ . Но, може да има да наброиш 3-4 дела што тој ги напишал или на кој правец е претставник. Затоа повеќе обрнувам внимание на правецот и на творештвото, а на кој датум бил роден, каде завршил средно, колку деца имал- небитно.
нас пак, проф ни рече дека ако излегуваме тоа ќе биде запишано на тестот и дека може да биде проблем тоа кога ќе го прегледуваат тестот. Иако можело да се излези 2 пати, таа не препорачува. Ме интересира Дузи и Карина дали кај вас имаше препишувања, такви случки. Дали дозволуваа, зошто лани кај нас мноогу препишале и многу си кажувале
во ред на кој правец припаѓа,но да наброиш дела?многу се.најдов овде едно прашање да наброиш пет дела на Шекспир.
Тоа е релативно околу препишувањето и зависи од тој што ќе ве надгледува. Доаѓаа професори од други школи и како ќе се погоди, секаде има и строги и ептен лабави. Јас што викам и среќа треба да се има во животот Абе вие многу матуранти сте биле оваа година, ајде ќе биде со вас сме знаеме која мака е. Јас се замарав ем не ми требаше матура за упис на факултет и со 2ка да положев веќе бев примена и не ми менуваше ништо. Можам да замислам па за тие што сакаат да се запишат на факултет и да успеат колку им е битно.
Мене ми е битно, зашто ќе одам у Скопје каде примат многу малку на државна, затоа ми е битна многу матурата.
Јас почнав да учам од вчера, искрено не е многу тешко со оглед на то дека цела година го учев истото. Јас не се плашам ич, и планирам составот да го препишам, па сеа ќе видиме, а ако немам можност да го препишам ќе излезам на 2-3 минутки и еднаш цел ќе го прочитам, па нешто ќе ми остани во глата Интересно ова Дузи шо го кажа, со учебнико во вц, кој ќе те види внатре ко ќе влезиш никој
^Неможе да ти прави проблем, 3-4 саати се полага, секој има право 2 пати по 5минути во вецеи ти се брои време, не смее двајца од иста училна да одат во вц во исто време. Некои имаат проблеми со бешика неможе да ти забрани за идеш во вц барем еднаш 5 минути, нема логика Јас искористив за Македонски, и добро ми дое И на интерните колку ме спаси учебникот у вц што го имав, ептен Не е страшно и нема што да ви фуфка, професорите секако не стојат у вц ниту влагаат да видат што има позади казанче И ова не некој препис, препис, едно прашање ако се мислиш, или ќе се изедеш а не ти текнува. Не е за есејот, туку јас лично за грамитика беше едно не ми текнуваше и се снајдов, ама само 1прашање. Некогаш и тоа едно може ќе ти е пресудно П.С не иде професор, брем не влага со тебеи кабина за да мочаш И на ја праите сега ова големата, туку ви кажуваме што како беше порано и како некој се снајдоа. A сега со бубица техника, како што има што не, може дар мар да се напраи, е сега ова у споредвба со тоа е капка во морето
Јас таква ,,среќа,, дека сум, во клас ми се падна една типка, ама едно бабе, упм. И на почетоков рече, демек кој сака да ме праша нешто, нека праша на глас за сите да разберат. Нормално, ние протолкувавме дека деца кажувајте си, што знаете правете. Прво еден школски праша демек одговор на тоа и тоа прашање, и луѓе, значи кога почна да му се дере, невозможно. Па што си мислел тој, таа играла фер, не сакала нефер игри, како не му било срам. Мене подоцна ми требаше нешто да ја прашам, за некоја глупост беше знам, дали можам планче да си правам или така нешто и ми се закани дека ќе ме исклучи од полагање! Другата половина од класот па, тој што ги чувал им рекол дека ќе ја затвори вратата на 15 минути и за тие 15 минути не сака да слушне глас, а тие да напишат се што знаат и умеат. Значи зависи од среќа. Мене двапати ме чуваше бабето, англиски кога полагавме, стоеше до мене, оти само јас знаев англиски и сите се вртеа накај мене. Дури кога виде дека сум готова почна да ми тропка со прстите по клупата да станам и морав да станам. За интерните е полабаво, ваши професори ве чуваат. А и уште ова. И да препишете, и да ви дозволат да си трчкате во училница , ќутете си и не кажувајте наоколу многу многу. Лани во Кичево било препишување на мртво, и годинава знам дека посебно ги меркаат кичевчани, се проширило многу дека се препишувале. Така и мои професори, кои дозволиле препишување, и учениците подоцна раскажале наоколу, наредната година не давале да се мрдне со врат на полагање.
Леле се сеќавам дека една другарка имаше пролив баш кога полагавме Не е за смеење, многу и бепе незгодно и многу се нервираше. Вика ете цело средно учам сега не можев да се фокусирам само го стегам стомакот, не може секои 10мин да иде во вц а стварно мораше. Лоша е малце оваа матура, пример некому може баш тогаш да не му е добро не сме роботи да се програмираме. Ај да е испит, тест ќе има нареден пат ама ова зезнато е. Не ја мислеле ич за тие работи. Не дај боже некој да има некој смртен случај тој период а потресен целиот ќе иде матура ќе полага. Подобро нека си има примени на факултет, при двата уписни рока подобро е така. Башка и полагаш она што те занима, а не некој сака да студира уметност ќе го замараат со македонски, англиски, математика..
Ја па ич не се надам на препис. Мислам дека ќе губам време ако пробувам да препишувам, а ако ми останат едно-две зошто да не ако можам некој да прашам, ама само меѓусебно, од книги и такви работи не. А за ова писателиве, ја баш повеќе мислам дека ќе има која жена влијаела врз него да го напише тоа дело, која ја сакал, отколку кои дела ги напишал. Зошто е важно само делото кое е опфатено во матурата, а не некои дела што не сме ги ни учеле. Правец, година/век тоа мислам сигурно. Ама детали не, само најважното.
А колку ќе не чуваат во училница? Само 1 професор така? едит: и за во вц е страшно, ама ливчиња во нас за секој случај би требало да имаме де . И секој со среќата, зависи кој те чува и со кој си во училница.
само да ви кажам минатата година кај нас една ја фатија како разгледува ливчиња во ВЦ.одлична ученичка што планираше да се запишува медицина.и пропаднаа сите планови.државна полагаше дури во август.така ако не сте сигурни дека можете да препишете не обидувајте се.
Е што и влегле ли у вц-то па можно било и гола да биде како така Немам појма јас, кажувам само искуства од другарки ниту препишував ниту планирам да препишувам дека сум најголем антиталент за тоа
И Јас знам дека иди професор со тебе во вц, ама сепак тој нема да влези со тебе и да те гледа кај шо ќе мочаш , Боже Господе, ќе влезиш таму во вц кај шо ќе мочаш, и тогаш вадиш ливчињата, и после ги фрлаш, треба да ти биди добро замислено и да знајш шо прат професорите и како прат . Како и да е мислам дека гледам по мене барем и мене многу поќе ми е страв од Англиски, него ли од Македонски, Мислам барем дека Македонски е полесно.. Англиски ми е многу зафркнато
Па добро тоа можи. Ама на прсти се бројат авторите на коишто жени им влијаеле врз творештвото. Јас ги знам Беатриче на Алигиери и Лаура на Петрарка само. И мислам и Бодлер дека пишувал за некоја актерка ама не се сеќавам на името. Ако има и други нека ги напиши тука кој ги знае. Повеќе некако граматикава ме плаши. Гледам едноставни прашањава од лански тестови, ама најмногу можам да утнам на такви прашања. Едит: Како бе не било препорачливо мочање? Ако видам мака препорачливо или не, одма излегувам.
И јас лани полагав матура, и мене Македонски ме чуваше една женичка, абе никој од групата не отиде до ВЦ. Ни рече можело, ама не било баш препорачливо. И јас ја разбрав слободната тема од еден друг форум ден претходно, ама не и обрнав внимание затоа што тогаш имаше еден куп потенцијални теми што сите од некаде ги разбрале. Како и да е, го напишав составот на лице место, немав вежбано претходно (освен писмените по Македонски што ги правевме минатите години). Англиски пак беше полабаво, а иронично, Македонски имав подобра матура. За интерните пак мене не ми беше баш лесно. Едниот добро го поминав, имаше препишување (иако ништо не препишав), но другиот не чуваше една многу строга професорка, демек наша, а всушност лоша колку оваа што не чуваше на Македонски. Како и да е, имав учено, и и двата ги положив со максимум бодови.