Во градот каде што живеам, има две основни и едно средно училиште. Знаеме дека ќе не чуваат од едното основно училиште. А кој професори, не. Се знае само кој ќе биде по ходници и кои инспектори ќе бидат присутни
Ние можиме пак да си ги земиме учебниците шо учевме цела година.. Така е барем кај нас Јас треба да одам да си ги подсоберам и да видам шо треба како треба да се учи Интерните кога се полагат после 20 или??
14 - 29 јуни се интерните. А уште ви немаат од училиште кажано кој предмет интерен на кој датум се полага?
Ама, нешто збореа дека 14-15 биле уписите за во средно, не ме фаќајте точно за збор за точната дата, па веројатно ќе се преместат датите за интерните.
^^ Се надевам дека ќе ми бидат двата после 20 натака, да имам време се да научам.. Како и да е Јас умрев од страв готово за Англиски, професорката ништо кај нас не објаснува, ни ти кажва нешто за матура само состави пишевме, а јас разбрав дека тестот по англиски бил многу глуп и едноставен, а не сфаќам колку состави се пишат??? 2 така? Формално или неформално писмо ќе ти се падни? и еден есеј или нешто обратно имам разбрано??
Како така бе? Интерните со еден ден разлика Не знаев за уписите. А инаку мене двата интерни ми се после 20ти. Уште пред да завршиме направен списокот беше.
А не можеше да приговарате? Мене ми се погодија 4 дена разлика, но имаше кај некои вака како кај тебе денес едниот утре другиот предмет и бараа да му ги сменат датумите. Добро мислам зависи и од бројот на ученици и колкаво е школото... не може секому погодено да му е.
Аууу недај боже така да ми се на 1 ден разлика Па кога ќе научам така бе од 1 ден за друг , мн неубо така.. Се надевам јас после 20 онаму да ми се, едниот нека е на 20 другиот 23-24 таман е Таман после 12 седнуваш да учиш за тие 2 предмети, имаш време доволно да е така
Кревам два прста, ако ви треба певаљка на private party-то, ќе ви запеам! Било како, ако некој/а најде било што нека чкртне, ветувам и јас ќе се потрудам да ископам што е можно повеќе информации од нашиве врскаџии. Леле Старбакс, морав да редактирам, касно го видов мислењево. Моите сокласници што полагаат информатика утре се на консултации, па најверојатно ќе им спомне нешто на што треба да обрнат внимание па ќе ти кажам. Инаку, види низ книжарниците како стојат со учебници по информатика, убаво се сеќавам дека има и за прва и за втора година. А практичниот дел е да се среди документ во Ворд/Ексел, Пауер Пионт презентација не сум сигурна дали има, ама во главно било многу лесно. Од тоа другото стварно не знам што би можело да има.
Јас само едно ќе ви кажам, смирено и разумно не е ништо страшно што ако е матура. Верувајте во себе ќе си кажете јас можам, јас знам и тоа е тоа. Ако се потресувате ќе заборавите и тоа што знаете. Јас на пример ризикував до тој степен што можеше да се заебам на велико, ама верував дека можам и ќе успеам. Учев за стипендија за време додека сите учеа за матура, со убедување дека ќе добијам цела стипендија и нема да треба да се замарам околу матура ама никој не ми гарантираше дека ќе добијам. Баш се поклопуваа недела или две беше претходно стипендијата, па интервјуа и со тоа бев преоптеретена. Мајка ми ми викаше абе остај стипендија земи учи за матура, ако не земеш кај ќе стигнеш да научиш за недела време сите 4 предмети а ќе ти треба за упис добра матура. Јас решив ќе учам за стипендија и после за матура леко леко, со надеж дека ќе добијам а не ни размислував што ќе се десеше ако не успеам. Така сите повторуваа македонски, јас економија учев 600страни беше книгата микро и макро од Фити ма каква матура. И на крај пред матура баш стигнаа резултатите дека сум добила цела стипендија, па за матура се спремив леко леко во рок од една недела само набрзина повторување без никакво други подготовки. И ете кога не се оптеретуваш со резултатите се помина супер и на матурата, и да ми требаа за упис поени од матура ќе немав никаков проблем. Зборот ми е, бидете самоуверени кога другите можат да извадат добри поени зошто вие да не можете. Не сте ни глупи, ни сакати ако се потрудите се ќе биде. Само верувајте во себе. Ќе се смеете догодина како сте се плашеле за глупости.
не се замарам.ова ми е некако формално колку да помине.не планирам овде да останам а за таму каде ќе одам матура не треба.
Јас македонски и англиски повторував многу. Македонски, од тој прирачникот се трудев ништо да не испуштам, многу трема имав и бев уплашена. А на крај кога отидов да полагам прашањата реално не беа толку тешки како што си замислував. Не беше некоја посебна филозофија. Сега нем да си сфатите дека не треба да се учи толку, вие повтарајте си во секој случај. Ама немој толку да се притресувате, да учите на памет и од точка до запирка. Повеќето работи барем македонски ви се познати од изучувањето. А некои и од општа култура. Но сепак треба да се научи материјалот. Јас составот го мислев таму. за среќа имав многу инспирација и убаво ми испадна. И англиски не ми беше многу тешко. Е сега интерните лично на мене ми беа најтешки. И мислам дека најмногу повторување и учење треба за нив. Затоа што било што може да се падне.
А нашиве забегани, уште ни датите за интерни не ги истакнале. Да поминелa прво еуфоријата со македонски и вториот екстерен, па интерните биле боза и ќе било о том потом. Да бе, а изгледа и бистри се ко боза, а? Мене така ми мирисат работава. А башка што немам време, па не можам да бидам ол ин уан мајкуму. Ама морам да ги средам, уф.
Јас како втор интерен имам фармацевтска хемија. Ни ги даде професорката прашањата. Околу 150 мислам дека се. Има многу, многу лекови, ама што знам не ми е толку страв оти по овој предмет најмногу учев овие 2 години. Англиски на сите ни е страв. Гледам професорката оваа година за крај ми ставила 5 и лани имав 5. Реално не заслужувам толку, не знам зошто ми ставила изгледа многу ме сака. Ќе видам дали ќе ја оправдам петката.
Најјако беше одам јас да полагам сабајлето македонски и цела гимназија збори некоја си Карина ја напишала темата синоќа на Фемина Јас си молчам се праам наудрена Кој ја видел на време, кој само што слушаше дека се знаела темата јас кому можев пишав ама повеќето беа легнати касно беше. Јас пред испити никад не спијам, не знам таква сум си седам на нет, праам нешто ама не ме фаќа сон спијам кога се враќам дента. По 1-2 саати дали отспивам и мака немам, па се исплатеше ми ја пиша другарка ми на фб кај 2-3. Тие што си легнаа да бидат свежи ја виделе дури сабајле и што ќе напишат, може да размислат само нешто претходно. Битно слушам за мене како зборат Карина Карина сите што ја виделе а јас си молчам. ма шта то причате која е таа Карина, каков форум е тоа
За тоа набројувањето на дела од некој писател/поет.. Па не верувам дека ќе се падне од некој чкљ...не дека тој е помалку важен ама еве на пример за Шекспир треба ептен да си тапа да не знаеш за Ромео и Јулија Магбет Хамлет Отело...еве без да учиш тие мора да ги знаеш од општа култура.. или од Славко Јаневски, Блаже Конески, Кочо Рацин... нема шанси да ти се падни такво прашање..песни од Матеја Матевски или Радован Павловски?!..абе ајјј..треба да му фали нешто за такво прашање да постават Години не треба многу... треба барем да знаеш во кој век и на кој правец е претставник и за делото кое е за матура..е за делата треба да се обрне повеќе внимание, од тоа која е темата и идејата до тоа која ќерка на чичко Горио имала кариес на шестка!