Јас не навлегувам во детали, посебно за биографијата на авторот. Учам, само во кој век творел, на кој правец е претставник и неколку негови дела. За делата кој литературен род, вид, тема/мотив, идеја, правец а другото само еднаш до два пати го читам, колку само да се потсетам на содржината. Spoiler Не знам колку е вистина, јас не верувам во тоа, ама слушнав дека прашањата што требало да бидат на заокружување овој пат ќе биле со дополнување, односно нема да имаме понудени одговори. Ви повторувам не сум баш сигурна и не знам колку е веродостојна таа информација.
Не би требало да биде така, зашто секоја година тестот им беше формулиран на ист начин со три типови на прашања - на заокружување обавезно, на дополнување и оние со целосни одговори. А и нелогично е целиот тест да биде фактички на дополнување само, барем според мене.
девојки и јас сум матуранка оваа година, па сакам да ве прашам околу македонски јазик. Се мислам што да изберам дали да пишувам на дадената тема (слушнав дека од романтизам ќе била дадената тема, но дали во светски рамки или само македоснки романтизам-не знам ) или пак да си пишувам на слободна тема? Вие што сте поминале, или пак тие што се спремаат, како гледате на ова и што и како се одлучивте?
Ќе биде светски романтизам. Пушкин („Евгениј Онегин“) и Бајрон („Странствувањето на Чајлд Харолд“)- Нешто за овие две ќе биде (може анализа или споредба на ликови или општо за делата, точно темата не се знае). А инаку која сакаш пишуваја...Само мислам дека слободната помалку се бодува.
Да. Само тие два. Како што лани беа Балзак (Чичко Горио) и Достоевски (Злосторство и казна)-реализам. Двете дела- еден есеј. Темата беше нешто за психологиите на ликовите во општеството- така нешто беше не се сеќавам. И оваа година може да биде нешто за ликовите (Евгениј и Чајлд Харолд) или нешто општо за делата, романтичарски белези, структура, содржина... ама јас се си мислам дека само за ликовите ќе биде темата ако не ме изневери интуицијата.
nekoj imat polagano zavrsen ispit? sakam da znam so ke imat velat deka e so dopolnuvanje so podvlekuvanje ama so mozat da bidat takvi prasanja od koj del od gramatika
Нема врска, исто се бодуваат и двете теми, инаку никој не би ја бирал онаа слободната, нели? Мислам дека професорот ни читаше нешто, баш беше потенцирано дека без разлика на одбраната тема, бодувањата се исти.
Јас имам наслушнато дека професорката од кај нас им кажала дека нема да има многу граматика за англиски.. Повеќе ќе бил задржан тестот на текстови и слично. Блазе си ви. Ја математика планирам да ја завршам до недела,и од тогаш да почнам македонски да учам
Оваа година се Евгениј Онегин и Странствувањето на Чајлд Харолд, тема романтизам секако. Мислам дека оваа година нема да има слободна тема, а иначе исто се бодуваат.
Мислам дека не разбрав добро. Ќе има да пишуваме два текста? или еден текст, кај што си бираш дали сакаш за слободната тема да пишуваш или за делата од романтизам??
Па добро, како и да е, јас мислев дека помалку се бодува слободната затоа што не е од материјалот, ама не било така. Бираш измеѓу двете теми. Ама еве некои велат немало да има слободна тема оваа година така да само таа за романтизмот изгледа ќе биде.
Не бе луѓенца грешка да не сте? Кај нас ништо вакво не збореа,професорката рече баш дека можеме да си бираме меѓу слободната и таа од делата. Прв пат ова слушам,ај нека не биде точна информацијава Што ако не ми се погоди темава за овие
Тоа не е можно и не е фер. Ама мислам дека не е точно, нема никакво соопштение дека нема слободна тема.
Сте размислувале дали од романтизам ќе има нешто и за нашите автори за Димитар и Константин и за Григор Прличев( тие се претставници на романтизмот-преродбата) Мојата професорка рече дека не мора да има ама за секој случај убаво да се научат
Па, потенцирано е дека се нагласени Евгениј Онегин и Харолд, не верувам дека би вметнале нешто плус, ама не е на одмет да се знаат за секој случај. А во врска со темите - мене ми е стварно сеедно, зашто мислам дека ќе пишувам за веќе познатата тема (романтизам), иако мислам дека веројатноста да останеме само со еден наслов е многу мала. По обичај секоја година даваат две теми, не гледам никаква причина да немаме слободна тема. Инаку, обичо многу смотани теми даваат, ко за во основно - барем по насловот. Пред две години ако не се лажам, им дадоа да напишат поука од басната за штурецот и мравката, пред три години имале нешто во стилот - Дали можат родителите да влијаат на нашиот избор на факултет и слични глупости. Мене овие слободниве теми ми се некако што знам, троа глупички. Затоа мислам дека ќе си се задржам на романтизам.