Јас иако ќе ја пишувам темата за романтизам, сметам дека треба да има можност за избор и да постои и слободна тема за оние кои сакаат повеќе да си ги прикажат уметничките способности, а не фактите. Отсекогаш било така, тоа е во формата на целиот тест, па иако сум за промени, не мора до толку, не секој сака да го учи романтизмот како Оче наш заради есејот, некој сака да си филозофира. За мак. романтизам мислам дека ќе има прашања низ тестот од извадоци, или барем Гарванот ќе ја има, се така мислам и плус од другиве правци. Омилени ми се класицизмот и реализмот.
Значи за најновиот прирачник по македонски од 2011 година морам да искоментирам. Катастрофа е. И професорката денес на консултации многу убаво ни нагласи да не учиме од него, бидејќи е само дополнително збунувачки, се е испомешано, и делата не се убаво објаснети. Некој поназад имаше напишано дека во новиов се подетално објаснети делата, што не е вистина. Во стариот се каде-каде поубаво и подетално објаснети, а и на полесен стил напишани. Единствено ни беше посочено од новиот прирачник да прочитаме за расказите од Чехов, бидејќи таму има повеќе раскази и малку поопширно објаснети, а друго ништо И изобилува со грешки. Прва грешка што ја заприметив денес кога повторував македонска литература е кај делото Улица-пишува дека е роман. Улица не е роман, туку е повест-како што пишува во постариот прирачник. Друг исто огромен недостаток е што кај песните од македонскиве поети не пишува во кој циклус спаѓаат, а такви прашања редовно се паѓале во претходните тестови, барем колку што имам заприметено.
Јас имам неколку прашања да ве прашам Како Карина ја дознала темата минатата година? Зошто во прирачникот Гарванот стои под претходници на модерната уметнос[/тb]? И дали треба да се учат дефинициите за фонетика, фонологија, морфологија...?
Ми ја кажа другарка што има врски дебели, можеш да провериш дека темата што ја кажав вечерта пред матура е истата што се падна Бидете сигурни дека од сите класови по некој ќе ја научи ама не кажуваат си молчат и си пишуваат среќни и задоволни.
Одговор на второто прашање е зошто Гарванот спаѓа и под Симболизам (самиот наслов е симбол на смртта и целата песна ги содржи карактеристиките на овој правец), но може да се класифицира и како романтичарско дело поради мотивот за љубената. Едгар Алан По е ставен заедно со Шарл Бодлер (кој е предвесник на симболизмот), па веројатно затоа, кај нас професорката и таму и таму го ставаше. А на третото, па прочитај си ги убаво колку да распознаваш, дефиниција сигурно нема да ти бара на тестот ама тоа се цели поглавја во прирачникот и самиот збор фонетика асоцира на гласовите, фонологија - на фонемите, морфологија - на менливите и неменливите зборови.
Доколку има можност да избираме слободна тема за есејот , тоа може да биде тема за било што или сепак треба да е поврзана со македонскиот јазик и литература ?
Убаво би било ако некој го дознае точниот наслов за романтизам да го сподели тука, гледам така се помагале минативе години. Или каква била плус информација, јас не живеам во Скопје, па до нас ( жители на други градови ) информациите не стигнуваат така лесно. А, иначе јас учам од прирачникот на Билјана Богдановска, од 2007 год., и е доста добар. Ви посакувам среќа на сите матурантки, а, јас се чувствувам доста стресена, иако оние кои ја поминале матурата ми викаат дека немало потреба, се било лесно. Како и да е, ќе видиме.
Дали за сите дела треба да се учи од прирачников од Билјана Богданоска(200? Да не има некои што не треба? Глеам во прирачников пишува од авторот дека делата што се со задебелени букви нема да бидат застапени во испитните тестови 2008/2009. И глеам доста дела им скратиле( Гилгамеш, Дон кихот, Хамлет, Чекајќи го Годо, Чорбаџи теодос, улица, големата вода) Да не има нешто вакво и оваа година? да ни скратат малце од делава, не е фер
во сета оваа еуфорија за време на учењево за матура ми текна на филмов! http://www.youtube.com/watch?v=WdRvXVNgOss малце да си пофантазираме
Знам дека не е фер, но ние мораме сите да ги учиме. Има програма оставено малку понапред. Таму си ги пишува сите дела.
ааах значи стварно не е фер, колку дела им скратиле таа година. Колку што видов само за Панонски легенди ќе нема, другиве дела сите ќе ги има
Незнам каде да го сместам прашањето,дека е за запишување на факултет па во оваа тема го поставив. Кога се запишувате на факултет,освен резултатите од државната матура,се гледаат сведителствата од 1 до 4та година,е сега кај сведителствава се гледа дали си поминал со соте 5ки,или важното е да поминеш со просек одличен?
Значи, дефинитивно ќе нема административно писмо (молба, жалба, ЦВ...) и темата за романтизам ќе биде од светски романтизам, а не македонски???
^Зависи ЦИА. Имаш калкулатор на страната на матура и ги пишуваш оценките по ред за секоја година, па оценките 4 од матура и перцентилите од 2та екстерни тестови, и оценката од матурската проектна задача и добиваш бројка и со таа бројка ти одиш на факултет е сега зависи од факултетот, смерот и конкуренцијата дали ќе влезеш или не. Ама секоја оценка што штрчи да речам ја намалува таа бројка, ако си 5.00 сите 4 години имаш 60 поени, ако си имала 3ки,4ки, тие 60 се намалуваат па ќе ти испаднат пример 54 бода и така, пресметај си со калкулаторот ако ти треба, или онака само праша
60 поени максимум носат оценките, а 40 матурата. Вкупно се 100. Значи ако си со сите 5ки=60 поени. Матура: Екстерните носат максимум 10 (ако се 5ки) значи 20 (од двата екстерни). Интерните носат по 8 ако се 5ки (16 -два интерни) и 4 поени носи проектната задача. Вкупно 40. И кога ќе се пријават на факултет одреден број, прво има прелиминарна ранг листа. Кој има најмногу, па помалку, па најмалку- во зависност од тоа какви му биле оценките во средно и каква му била матурата. Се надевам сфати.