Имам време јас за матура,туку прашав оти еве на крајов можно е да имам 1,2 четворки,па се нервирам поради нив, и да знам дали имаат голема улога оценките,или повеќе се гледаат резултатите од државната матура. Фала што ми објаснивте
Нема потреба да си создаваме сами конфузии, значи сигурна е темата од романтизам, а другата е есеј на општа тема, како лани што им било, и ти сам си одбираш една тема. Да, и кај нас кажаа дека пишување на извештај, СV, оглас, молба, жалба итн. немало да има. А, читам и по форуми на други страни истото го потврдуваат. Исто, велат дека од делата се бара да знаеш само: правец, структура, тема, идеја и локализација. Само незнам дали е можно во есејот за романтизам да се бара македонскиот.. Вие што мислите?
Нема шанси да се падни нешто од типот: молба, извештај, писмо, соопштение, жалба, ЦВ, барање, приговор, записник, оглас, понуда и сл. Есеј ќе биде 100 %: романтизам (светски) и една општа тема (надвор од материјалот).
Структура е мислам какво е делото, на кој жанр припаѓа, како е композициски поделено (составено). А локализација е на кој период припаѓа, кога е напишано, кога се одвива.
Можете ли само да наведете сигурен извор кој потврдил дека темата е светски романтизам? Јас колку што сум информирана е само романтизам.
Феминки дајте некои примери за есеј за македонски како да се пишува. Сите 4ри години во средно ние никогаш не сме пишувале есеј по македонски и сега поима немам кога правеме писмени секогаш ни беа од делата ама ги раскажувавме не сме пишувале есеј со давање критика, анализа, аргументи како што кажуват некој. Инаку и јас учам од прирачникот на Билјана од 2007, нешто спомнаа дека имало прирачник од алби и дека лани на матурата некое прашање што се паднало баш било од тој прирачник, вие имате ли таков прирачник? И планирате ли да ги читате лектирите што ги имате обработувано? На пр. Робинзо Крусо го нема во прирачникот или Гуливеровите патувања исто, ние ги имаме обработувано, само незнам дали да се навраќам на нив или ич да не губам време?
Нас професорката ни кажа романтизам дека ќе биде само не и кажале дали ќе биде светски или за македонија. Од светски романтизам беа Евгениј Онегин и Чајлд Харолд, или имаше уште некој ?
Мислам дека и Страдањата на младиот Вертер од Гете исто спаѓаше во романтизам. Едно 90% сум сигурна дека и таа беше.
Не би требало да има лектири, зашто не обработуваат сите школи исти лектири. Ја обработувавте ли вие Ромео и Јулија?
Робинзо Крусо и Гуливеровите патувања ги нема во испитната програма за државна матура, што значи и дека ќе ги нема, не губи време на нив. Не значи дека сите дела што се обработувани сите ќе ги има на матура, во сите школи не се обработуваат исти дела, оние слободните се во секое различни.
Ние да, ама ја нема во програмата. Значи се што е во прирачниците е во програмата, тоа што го нема значи не е, тие се пишувани според програмата. Инаку каков македонски романтизам бре, вие стварно мислите 2 дела од светски и 4 од македонски да ги сместите во да речам 400 збора? Не зезајте, крајно нелогично, само светски ќе биде како лани што беше исто и они имаа 2 дела.
Од романтизмот во Македонија може да има во тестот- извадок, но есејот дефинитивно е за светски романтизам. До што има професор/ка во средниве училишта во Македонија им кажале на учениците дека Пушкин и Бајрон ќе бидат- и плус еве 99% по форуми така пишуваат. Освен ако не се обединиле професорите да не лажат сите. Инаку ги разгледав и решив неколку пати тестовите од минатите години. „Чекај ќи го Годо“ никаде не го сретнав. Типувам на него дека ќе се падне годинава во тестот. Исто мислам дека и од просветителството и средновековната литература во Македонија нешто ќе има (Црноризец Храбар, Кирил Пејчиновиќ, Јоаким Крчовски, Џинот... и тн.) Чичко Горио го има во два теста по ред (и башка лани и за есеј им беше), Тартиф, Странецот и Хамлет по два пати- така да се надевам ќе ги нема оваа година. Од македонска литература некоја од драмиве од литературата меќу двете светски војни се надевам дека ќе има. „Улица“ од С. Јаневски ја има во програмата, а не ја сретнав во тестовите колку што ме држи помнењето. „Пиреј“ само еднаш, и неколку пати сретнав поезија (Г. Тодоровски, М. матевски, А. Шопов). Ова, импровизирам да не ме сфати некој погрешно. Но, на овие што поретко ги имало минатите години или воопшто ги немало ќе си обрнам повеќе внимание.
кај нас се шират гласини дека есејот ќе биде за романтичарските елементи во делата ,,Евгениј Онегин,, и ,,Чајлд Харолд,, а колку е ова точно не знам и јас....
Само двете ги има во прирачникот за матура, така да не би требало да има нешто и за другите обработувани дела од романтизам.
Денес професорката ни поткажа дека во некои албански училишта Пушкин со Евгениј Онегин не ги имаат обработувано, односно не им биле дел од програмата. Плус, јас баш заприметив во тестовите од минатите години дека за Евгениј Онегин немало НИТУ ЕДНО прашање досега. Тоа би значело, во есејо веројатно ќе ни дадат да пишуваме само за Чајлд Харолд Ова само се мои претпоставки, не ме држете за збор