Озбилно ова ги немаат обработувано? Па како бе така, не е можно. Ќе одам јас сега да допрочитам од граматиката , па наредната недела нешто од литература.
Колку само не ми се учи, ауу страшно, а сакам убава оценка македонски, ама не можам да седнам и асално да учам. Литература сум при крај, па до недела ќе гледам и еднаш се да прочитам од граматика, а од понеделник веќе има само да учам, нема компјутер, излегувања намалени. Ама и многу ми е страв
Темата за есејот од материјалот 100% ќе биде нешто околу особини на роматизмот во делата ''Чајлд Харолд'' и ''Евгениј Онегин''. Тоа ми го имаат кажано поеќе професори и ученици од различни училишта. Мојата професорка по македонски јазик ни рече сите да ја пишуваме темата дадена од материјалот, а да не сметаме на слободната тема, односно исто како да ја немало. Неколку луѓе од мојот клас веќе имаат напишано есеи и ги носат на проверка кај професорката.
Ама чекајте, нели во албанските училишта наставата се изведува на албански јазик, а со тоа они матура ќе си полагаат албански јазик. Што нема врска со нашиот тест по македонски јазик Јас мислам дека е така.
Во материјалот по македонски јазик и литература во сите средни (гимназии и стручни) и во испитната програма ги има и двете дела. Тоа што некои училишта не ги обратиле, не мора да значи дека темата за есејот ќе биде само за едното. А, тоа што не се паднало ниту едно прашање, не мора да значи ништо. И од други дела воопшто не се паднале прашања (или можеби тоа е така бидеј ќи не ги работеле во некои училишта ). Едит: Сега ја видов испитната за Албански јазик. Ако добро разбрав само Бајрон го имаат од романтизам. http://www.matura.gov.mk/data_files/sta ... 9-2010.pdf Ама, нема врска нивната матура со нашата.
па да де, за тоа зборев и јас кај нив од романтизам го изучуваат само Бајрон. Затоа реков не ме држете за збор, ова семои претпоставки и на професорката што ми е по македонски јазик..
Дали некоја од вас планира да ја дознае, или има шанси да ја дознае темата за есејот пред полагањето? И што е уште поважно, ако ја дознае дали ќе ја каже тука?
Лани ден пред матура пишана била по форуми. Па да следиме темиве за матура активни што се, некој што ќе ја открие ќе ја пише. Се надевам дека ќе се најде некој несебичен и ќе ја сподели, како лани Карина што ја пишала тука.
Да, така, на пример „Тартиф“ , комедија на фарса, нарави и карактери од 5 чина напишана во стихови, дел од францускиот класицизам.
Па во делот пишување ќе има едно писмо и есеј ( со теми од интерес за младите).Е сега вакви теми има многу, од personal anegdote и narratives, па се до разни дискусивни есеи...може оваа година да се падне нешто за компјутери, интернет, или можеби екологија, доста актуелна е таа тема годинава. Веројатно е да се падне и film или book review ( ако се падне тоа најлесно ќе поминеме ). А што се однесува до писмото, може да биде формално или неформално. Јас годинава сум 90% сигурна дека формално ќе дадат, бидејќи веќе 3 години наназад само неформални даваат, доста е веќе
Лани ние можевме да избираме дали сакаме за Горио дали за Злосторство и казна дали за слободната тема, будали ние не знаевме дека можиме да си бираме, најубаво ве советуваат професорите спремејте есеи за тие две теми. Јас само ќе ве советувам да не брзате. убаво да ги читате прашањата за да не направите грешка како мене се барало кој жанр е чичко горио јас лупнав француски реализам а требаше само роман да пишам, доволно за да се признае одговорот. И да она јас што го дознав од матурата е дека сум тапа за пишување есеи, тие мене ми ги донесоа двете 4....
Луѓе па и ние Онегин ја немаме работено, тоа што ја сама си ја обработив тоа си е друго од што ќе ја има во есејот, а инаку ја скокнавме и ги работевме Харолд, Вертер и Гарванот и тие беа 3 теми за писмена. Е тоа што најмалку очекуваш, тоа ќе се падне, затоа се надевам ќе и дојде памет на професоркава моја од следна година да не скока важни дела од важни правци. Инаку ме буните, нели 2те дела паралелно треба во есејот? Или има опција само за 1 од тие 2 по желба да се избира и според тоа? Јас ќе спремам паралелно.
Не мора двете да бидат, зависи од темата. Не е по желба. На пример, може ќе се падне тема само за Чајлд Харлод да пишуваме, или пак само за Онегин. Може да се падне и за двете. Професорката не советуваше да си напишиме 3 различни воведи, па главен дел и заклучок во зависност од тоа што ќе се бара во темата, ќе си пишуваме дента кога ќе полагаме (ако не ја дознаеме претходно темата ) А инаку, незнам зошто, си мислам дека ми држи вода муабетот за ова со албанскава програма, мислам дека тие лани имаа иста тема за есеј, иако прашањата не им се исти.
Нас професорката по англиски ни кажа дека намерно не давале формално писмо бидејќи имаме и есеј за пишување.Ако ни дадат формално многу ќе ни дошло... Така да сметам дека нема шанси формално да падне.
Ја учев, т.е. ја се учам од почеток до крај без скокање. Многу е интересно тоа, едно од најинтересните во прирачников така да ви препорачувам да си го прочитате ако ништо друго за општа култура ќе ви се најде, а нема многу
Епа не знам зошто е така. Мојата професорка до пред две години ги составувала тестовите и уште од тогаш се рекло да не се дава формално писмо. Темите за англиски се спремени уште од пред 5 години и сега само ги даваат.