Имам нешто нејасно, кој ја создал кирилицата? Јас колку што знам Климент Охридски, и ја нарекол кирилица во чест на својот учител Кирил, така сме учеле и порано. Ама во прирачников од Б.Богданоска(200 пишува, цитирам: Како пишува во новите прирачници од Ленка?
Кирилицата ја создал некој од следбениците на Кирил и Методиј. Ние не сме училе дека тоа е Климент. Значи не се знае точното име на оној кој ја измислил, важно бил нивен следбеник.
Значи јас за англиски разбрав дека ќе биди формално! Cover Letter (мотивационо писмо) Letter of Application, CV или нешто друго ама формално. Значи оваа информација не е сигурна, ама и јас така мислам дека формално ќе биде затоа што досега само неформални писма давале....
Ја оставив граматиката, почнав од литература. Повеќе ми леже и полесна ми е. Мислам дека побрзо ќе ја минам, малку повеќе ќе се задржам на светската, македонската, особено повоената ми е посвежа, побрзо ќе ја минам.
Досега се мачев со Гарванот, и пак не ми успеа да најдам некои стилски фигури, само епифора заприметив....а сум 100% сигурна дека ќе има прашања за Гарванот затоа сакам малку подетално да ја разгледам...Кој се други стилски фигури во песнава знае некој? Ние на училиште ни ја обработивме ни ништо
Феминки ме интересира дали некоја од вас при учењето го користи Прирачникот на Даниела Јовчевска и Виолета Јанушева? Јас го имам дома од порано, и во него вежбите се поделени со цели ( за книжевна анализа, способност за читање, пишување и сл. ), како што и матурскиот испит се оценува за исполнувањето на истите цели.
Јас сакав да прашам нешто, дали овие видови писма (наука за јазикот) ги учите,или повеќе се задржувате на литература? Т.е. незнам на што да се задржам, и со што да почнам
Спичлес битно ти почни од некаде. Мене ме интересира дали ги знаете и дали ги учите/научивте и како на памет или со разбирање(иако не знам како освен напамет)особеностите т.е карактеристиките на сите правци посебно? Мене ми е страв да не ми се измешаат тие и вековите и авторите кој на кој правец припаѓа. И учејќи забележав дека Лопе де Вега е спомнат и во Ренесанса заедно со Мигел де Сервантес, Вилијам Шекспир, Лодовикото Ариосто, Торквето Тасо и Марин Држиќ (според прирачникон), а после го спомнуваат пак во Барок заедно со уште тројца што ми падна чудно. Иако не е некој попознат збунувачки ми е и сега на ренесанса или на барок е претставник?
Како треба есејот по македонски да изгледа? Да биди повоздржано, постручно или ја имаме слободата да изразуваме наше мислење и видување на нештата? Знам дека англиски есејот не треба да содржи I think, My opinion is итн... Исто така зошто имаме италијански јазик со мала буква, а Италијанска лига со голема буква? Според прирачникот на стр.24 пишува дека придавките изведени од лични имиња и географски поими се пишуваат со мала буква: македонски, охридски, скопски, италијански, а на стр.38 во вежбите пишува Италијанска лига со голема буква .... Б.Богданоска прирачник за матура 2008
Па тоа Италијанска лига ти иде како еден вид на наслов, некоја институција, ајде да ја наречеме... логично е со голема буква да ја напишеш, се издвојува. Исто ти е пример, не знам, ајде медицински техничар и Медицински факултет. Ако ја пишеш италијанска лига е како лига (плунка) од некој Италијанец. Се зафркавам, ама да ви доловам, де.
Луѓе, во прирачников на Билјана нема, а ми кажаа ни во тој на Ленка немало за она со согласките какви може да бидат поделбата: забновенечни, венечни, уснени... не знам дали има уште, и не знам кои какви се. Го има ли некој тоа? Ако да, нека го напише овде ако може
поделба на согласки според начинот на образување преградни-Б,П,М,Д,Т,Н,Њ,Г,К теснински-В,Ф,З,С,Л,Ж,Љ,Р,Ј,Х преградно-теснински-Ѕ,Ц,Џ,Ч,Ќ,Ѓ поделба на согласки според местото на образување уснени-Б,П,М,В,Ф забно-венечни-Д,Т,Н,З,С,Л,Ѕ,Ц венечни-Ж,Ш,Љ,Р,Џ,Ч тврдо-непчени-Њ,Ј,Ќ,Ѓ меко-непчени-Г,К,Х
ej фала многу за поделбава на согласките и јас учам од прирачникот на Билјана и професорката ни викаше дека тој е најточен со информациите. А и ние слушнавме дека за македонски есејот ќе бидел за романтизмот... јас сакав да прашам за англиски има некој информации која би била темата ??
Уште помалку од една недела, веќе почнав трема да имам. Секој ден со другарките зборуваме за ова. Страв ми е многу.
И јас почнав да се плашам. В сабота...Дотогаш ноктиве со се прсти ќе ги изедам. И во последно сум на форумов да видам само што има ново на темава.
tek pocnuvame da se plasime.. i kako so ce nablizuva vremeto taka uste poveke ce se plasime... Kako i da e ne treba mnogu da se panici, kraj kraeva so ne pominalo A da ne znaes nesto za angliski so ce ima za pisuvanje ?
Јас само ги прочитав карактеристиките на секој правец. Ги знаев, ми останале во глава кога сум ги учела, па само повторив. Инаку, мислам дека не би требало да има прашања, на пример - да се набројат карактеристиките на хуманизмот, класицизмот и сл. Или, ако веќе ги има, ќе стават некои ептен очигледни и лесни, да се снајде секој, на пример ренесанса, хуманизам, тие најлесни ќе да беа. Ги избегнуваат дефинициите, повеќе се задржуваат на конкретни примери од дадените текстови, извадоци, евентуално некоја реченичка за анализа и тоа.
А вистина е дека оваа година англиски ќе бидело многу многу потешко од претходните години, зашто резултатите по англиски биле појаки од резултати по македонски јазик ? Некој друг знае ваква информација или ова е само заплашување ??