Ја па не паничам толку, ама затоа надградбата на ноктите ја откорнав на многу брутален начин, па ги оправав сеа полесно ми е
Баш пред малку видов дека имаше такво прашање во еден тест. Па си викам ај ќе си ги кажам буквите и ке видам како се изговараат. Лесно е тоа
^Мене не ми е лесно, а да земеш да ги учиш е многу... ќе видам, се надевам нема такво прашање да има, лани имаше и мислам во уште еден тест сретнав ако не се лажам...
Да, лани имаше ете конкретно за кои се уснени, знам го решавав тестот пред некој ден и ми остана во сеќавање. Мене ми се лесни и нема да ги учам. Со мала концентрација при изговорот се открива која каква е, им ја пронајдов финтата, хуху.
Женски ајде некако да ми објасните ако може да обезвучување на крајот на зборот и за едначење по звучност јас овие никако да ги сфатам, ако може со пример
За обезвучувањето, најчесто буквата на крајот од зборот се заменува со нејзиниот безвучен пар од таа табелата. На пример, зборот љубов - се пишува со В, а при зборување се слуша Ф; мраз (з преминува во с при изговорот), праз, леб и сл. Значи се пишуваат со звучната согласка, само при изговорот се слуша безвучната. Едначењето по звучност пак, се случува кога во еден збор се наидува на две согласки (различни по звучност) и се ориентираме по втората согласка. Ако таа е звучна, тогаш двете стануваат звучни,бидејќи според правилото, безвучна и звучна согласка даваат две звучни, на пример: сват+ба=сваДба (Т преминала во својот звучен пар Д) Ако втората согласка е безвучна - звучна и безвучна даваат две безвучни: близ+ки=блиски (З преминува во С) Туку, мене не ми се јасни елизијата и редувањето, ги мешам и ако може некоја да ми направи разлика помеѓу овие две.
Редувањето ја го гледам како некој вид на степенување ете таму е примерот рака-раце-раче и во тестовите сретнав 1 прашање такво и баш вака беа напишани прочепкај ќе го најдеш сигурно не ми текнува во која година беше значи ако има зборчиња со цртички одредени и нивно менување по ред, степенување, сигурно е тоа. Испуштањето од еднина во множина, не правилна: лист-лисје (а не листови), грозд-грозје (а не гроздови), хммм... така нешто. Кај редувањето не се гледа еднина множина, на пр. врати-враќа истиот глагол се менува, а може да биде и нога-ноџе, а ваму се менува од еднина во множина. Кај редувањето обично се редуваат 3 или повеќе, а ако се 2 се разликува од елизијата по тоа што зборчето си останува во тој број во којшто е (пр. еднина), а ваму преоѓа во множина.
devojki a kako se spremate za maturava angliski ??? vezbate li pisuvanje na esei? na koi temi? ima li nekade poi\ nternet kako se formalni pisma neformalni ????
уснени: п, б, м, ф, в забновенечни: т, д, н, л, ц, ѕ, с, з венечни: љ, ч, џ, ш, ж, р меконепчени: к, г, х Девојки еве ви еден линк на кој и го најдов ова, јас за матура не учев од прирачник туку по програмата си правев на некој начин „свој“ прирачник. Оваа страна ми е зачувана уште од тогаш, може ќе ви помогне http://makedonskijazikiliteratura.blogs ... chive.html
^ оваа страна е истата од Билјана Богдановска што е автор на прирачникот , и ги има истите работи само не е цел прирачник опфатен.
Луѓе неможам да се снајдам со тој прирачник од Билјана па ако може малку помош ако не ви е проблем да ми ги кажете писателите од романтизам и нивните дела кои се од светската а кои од нашата
Од светски се само Пушкин (Евгениј Онегин) и Бајрон (Чајлд Харолд). Од нашите се: браќата Миладиновци (Димитар со зборникот, а Константин- поетско творештво.), Прличев(Сердарот) и Чернодрински (Македонска крвава свадба). Ги пиши убаво во прирачникот од Билјана кој автор во кој правец е... Ако не можеш да се снајдеш отвори назад во содржина ги пишува и правците.
Здраво феминки Како што гледам на форумов акцентот е ставен само на македонски и англиски.. математика никој не ја спомнал :/ Има ли некој што ќе полага ? И ако има.. на кој начин се подготвува..од каде вежба? )
^Ние што сме активни во темава мислам дека сите сме англиски, а јас од другарки што имаат математика ќе ти кажам дека само тоа учат, не учат македонски или и да учат оставаат за последниве денови, вежбаат од прирачникот што имал 6 теми и во него била опфатена целата програма.
Јас ги решавам тестовите од претходните години..професорот ми рече да не го купувам прирачникот, демек тестовите ми биле доволни.. :/ Да ти кажам и јас сум иста..на математика посветувам повеќе внимание.. македонски ако читнам нешто.. преку два дена Сепак фала ти
Јас уште не сум стигнала до решавање на тестовите, но да не знае некоја од вас дали во претходните години имало нешто од народна литература, мит и фолклор, белези на лириката и тематска поделба, белези на епиката и мали, средни и големи епски дела? Ако имало нешто, би можеле да кажете на што конкретно да обрнам внимание? Овие некако многу ми се досадни. Благодарам!
Јас полагам математика. Вежбам од прирачникот за матуранти од Боро Пиперовски. А на кој начин... Па решавам задачи повеќето,и ако нешто не ми е јасно со професорката идам учам Ако има нешто нејасно пиши ЛП A и да, не учам многу македонски еве искрено од денес почнав нешто, повеќето акцент ми е за математика .. И ,нешто наслушнав дека оваа година ќе е лесен математика бидејќи немало многу пријавени
jas matematika ucam od nekoj priracnik iznaden 2006ta prosvetno delo... od 3 avtorki e... jordanka mitevskka, liljana gr.popovik i divna mladenova... testovite za na kraj... ama ne treba se osnovno nivo... nema trigonometrija, statistika i uste nekoj temi...
Јас одам на спремање по англиски и вака не ми се гледа ко тешко само многу внимавање треба, а македноски најмногу се задржав на делава, тема, идеја, како е композициски составено.. мислам дека од делата ова е најбитно.