Нема ни логаритми, експоненцијални равенки, равенките за кружница се изоставени. Многу малку материјал, се надевам дека ќе биде лесно. И јас полагам математика инаку, сфативте мислам. До пола сум со математиката, јас пак повеќе внимание обратив на македонски (љубов кон книжевноста, шта чеш), ама сега сум веќе при крај, па неделава се фокусирам онака поентузијастички на решавање задачи. Вежбам од прирачникот на Пиперевски и Миладиновиќ, ама некако што знам, не е тоа тоа. Тестовите ми се подобри, па си ги симнав од нет и си ги решавам и нив паралелно.
Како ги учите бе делата на авториве, мене ми се мешаат мамето нивно мислам освен главното дело плус што напишале???
Лукс, јас си ги издвоив на ливчиња - не за препис, ами онака, ми стојат залепени на страната под името на авторот по две-три дела од неговиот книжевен опус, чисто ориентационо. Ги читам при секое листање на прирачникот и ми влегоа лека-полека во глава. Ама не верувам дека ќе има да напишеме некои дела на некој не толку познат автор. Обично ставаат автори од типот на Шекспир, можеби би го имало Балзак, за сепак да може да напишат поголем број од учениците.
Дефинитивно многу малку материјал има, и плус лесни теми се одбрани.. Само да не се случи да зезнеме.. xD Иначе и мене ми се подобри тестовите.. скоро се' изрешив.. имам некои нејасни, ќе ги решам со професорот..ии ќе се молам да се паднат слични такви
Резултати од екстерните на 23 и 24 јули. Срамота бе! Многу рано Нели рокот е 30 дена? Ве молам просветлете ме дека грешно сум чула и наместо јули, било јуни.
јас па слушнав дека оваа година мора да бидат објавени резултатите најдоцна еден месец после полагањето... значи можи и јуни да се
Ајде пак на македонски да се вратиме Женски, Кирил Пејчиновиќ само три книги напишал нели? Или повеќе? И според вас ќе има ли прашања мн од овој период, просветителство?
И јас се нервирам малце поради тоа што не дозволуваат калкулатор.. ама, тоа е.. Патем, позитивна вест: ,,За време на испитот потребно е ученикот да има геометриски прибор, а по процена на Државната предметна комисија по математика, за целиот тест или за дел од тестот може да бидат понудени и формули. " ДАЈБОЖЕ !!
Прелиминарни ќе има после 30 дена. Конечните резултати се на 23 и 24 јули. Пејчиновиќ има 3 книги (Огледало, Утешение грешним и Житие кнеза Лазара) и 1 епитаф за надгробната плоча.
Ај некој нека ми објасни за проклитика и енклитика и за аугментатив и хипокористик-ова го има во речиси сите тестови од претходниве години фала однапред!
Проклитика Кога честичката или едносложниот збор од акцентската целост е пред главниот збор... да речеме пример вака: што_ми_рече докорот... ова е акцентиран збор со проклитика Енклитика Збор без свој акцент што се поврзува при изговорот во акцентска целост сопретходниот акцентиран збор (татко ми - татко_ми). Хипокористици - за изразување чувствен однос. Понекогаш со деминутивно-хипокористичките наставки може да се изрази негативен, подбивачки однос (маже), како и неутрален однос (ушно тапанче). Аугментативи - зборови што означуваат нешто зголемено или означуваат подбив. Најчести наставки се: -иште и -ина (На пр.: вратиште, кравиште, мажетина, краветина).
Здраво феминки, јас сум нова на форумов...сакам да ве замолам ако некој го дознае насловот за есеј во теков на неделава да го сподели со нас фала однапред
Може ли некој да ми прати линк од резултати на примени студенти на економскиот факултет во Скопје на Уким минтатата година за да видам со колку бодови е примен последниот во државна квота на сметководство и ревизија за да знам дали ќе има надеж