девојки до каде сте? како ви оди? мене искрено ме фаќа паника, како за македонски така и за англиски(повеќе). инаку поминав еднаш цел прирачинк и сега одново пак и пак. колку време дневно отприлика учите? со лесно на сите
Ти благодарам Сепак изгубив надеж.... :'( можеби оваа година нема да има толку конкуренција или па можеби матурата ќе ја положам со солидни оценки(последна надеж)
Мислам дека со македонски сум при крај.Малце ме мачат она сврзниците за сите реченици посебно и стилските фигури и уште есеите да ги научам ко песничка бидејќи знам дека таму од нервоза и паника нема да можам ништо да напишам Математика не сум ни почнала Се на се ужасно сум преплашена и од страв по цел ден читам и учам
Девојки ај да ви се приклучам малку во муабетот. И јас сум при крај со македонски граматиката ја средив, ама за англиски изгледа на жими мајка ќе одам.А иначе учам по цела божја ден, почна да ме мава депресија од книгата
Девојки, а колку есеи имате спремано, еден, два, три..? Малце сум изгубена во поглед на есејот.. Уште тоа ми остана, се друго научив. А, англиски ми е ептен лесно, ќе посветам внимание само два дена пред полагањето, т.е. после 9ти јуни.
Еј замислете да не е есејот за романтизам, да е пример за некој друг правец? Сите тупиме мозок со Пушкин и Бајрон, тие други Не се двоумам , знам дека ќе е за романтизам него ми дојде такво сценарио Значи, ми се спие. Туку прашањето ми беше да ми објасни некоја за есејот. Ама убаво. Во воведот општо за правецот и за овие двајца ? Како да ги спојам бе не ми е јасно. Знам за двајцата одделно ама како да спојам?
За математика, на испитната програма најдоле пишува дека може да биде дозволено користење калкулатор? Не ми е јасно нели не смее? Мене од тоа ми е страв коа ќе ми искочи големо бројче под коренот не знам да го израчунам
Моментот е што никаде на сајтот за матура не пишува светски романтизам, само делата од романтизмот. Значи тоа светски не е 100% сигурно нит потврдено и се плашам да не биде од македонскиот. Какви се тие прелиминарни? Што кажуваат? Што корист имаме од тие перцентили ние? Инаку јас го завршив прирачникот македонски денес, од утре грубо ќе го повторувам и да напишам есеј.
Дај бе кажете во тоа есејот треба ли да има Јас мислам Мојот став е, Мене ова ми се допаѓа, ова не... или ептен формално треба да биди? колку слолбода имаме?
http://www.matura.gov.mk/data_files/sta ... -Tanja.pdf овде има пример како би требало да изгледа есејот
Ние пишувавме есеи од прва година, писмените всушност сите есеи ни беа. Есејот подразбира да пишуваш со свои зборови и да го искажиш своето мислење во врска со зададената тема и да го поткрепиш со нечии изјави, дела, постапки, во зависнот од тоа за што пишуваш. Можиш од време на време да употребуваш "Мојот став е", или "според мене"... Ако си добра во пишување состави есеите не би требало да ти се проблем. Јас искрено мноооогу сакам да филозофирам абе завлегувам во филм дури пишувам Само што се надевам дека нема да биде мал лимитот на зборови, во спротивно кога ќе се распишам после ќе треба да шкртам низ есејот. А дозволено е да се прецрта некоја реченица низ есејот (за да се намали бројот на зборовите во есејот) без да ти земат поени?
Самиот есеј е искажување на твое мислење и став на одредена тема, па затоа мислам дека не треба да користиме изрази од типот ''јас мислам'' , ''според мене'', итн... Инаку зборовниот лимит е 400-500 збора, односно 380-520. Професорката така ни кажа а и на последните две писмени во четврта година се држевме до тој зборовен лимит. Јас завршив со материјалот од прирачникот, па денес почнав со пишување на есејот и напишав дури една реченица од воведот.
Дозволено е, со тоа што ќе го ставиш во заграда она што го кратиш и ќе го прецрташ со една линија, не онака да гребеш со пенкало да се скине лист
^Поистоветување. Скратена компарација, не се употребува зборот како/ко како што е кај споредбата туку ваму директно на пр. златно сонце. Како може сонцето да биде златно, може да биде жолто. Или златни коси, се мисли на руса коса... насмеани очи, или па со цртичка може да биде споредено на пр. човек-карпа, се мисли на силен човек. Немам инспирација во моментов само тоа ми текна
Девојки, и јас имам едно прашање. Во однос на Гилгамеш, што е по жанр? Во прирачникот пишува дека е јуначко - митолошка епска поема, а ние на училиште учевме дека е епопеја??
Грешка си Си пишува дека користење на калкулатор не е дозволено.. Туку дека можно е за цел, или за дел од тестот, да бидат понудени само формули
ги решавав тестовите од претходните години и таму се прифаќаше и еп ако имаш напишано и епопеја. Туку за филозофирање во есејот лесна работа ама некој погоре остави линк со упатства некои според кои мене ми изгледа дека треба ептен да се држиш до темата и некако постручно и резервирано...или јас грешен впечаток добив? Туку сигурно нема да ги има она формалнине писма, молба, жалба CV итн....?!