Мене ме интересира дали ги знаете времето и местото на овие дела: 1. Тартиф 2.Злосторство и казна 3.Странецот 4.Чекајќи го Годо
А, што и шифри треба да измислиме или? Не разбирам. Мислам дека нема да има прашања за времето и местото.
епа нели на тестот не го пишуваш името за да нема местенки туку некоја шифра а на друг лист кој оди во плико име презиме и шифрата.. така барем мислам дека е
Во Чекајќи го Годо се е релативно и местото и времето па дури и самите ликови не знаат каде се наоѓаат и кое време е а за другите не знам Колку што можев да забележам скоро на секој од тестовите од минатите години има прашање на некое дело каде се одвива дејството
Старбакс можно е да има. Во претходните тестови сретнав прашање за времето и местото во Чичко Горио. (Париз, првата половина на 19 век) 1. Овде не можам да ти помогнам, ама мислам дека целото дејствие се одржува во домот на Тартиф, нели сплеткарење меѓу семејството. 2. Времето во Злосторство и казна - девет ипол дена до злосторството и девет години по злосторството. Мислам дека е во Моска. (едит - ако е сигурен некој, нека пише) А во врска со последните две, верувај никој нема да ти бара од егзистенцијализам место и време Ако ми бараат време пример за Тартиф, многу е веројатно дека ќе го напишам времето на правецот, односно класицизмот, односно втората половина на 17 век. Романтизмот е книжевен правец не е жанр. Ти веќе го знаеш жанрот
Абе, шифрата ви е бројче од министерството. Немојте таму да се пишувате Срцка69 или Маченцекисс или гледаш Старбакс, Плавуша.17, форум.фемина... Боже Не туку ширите дезинформации, шифри ќе измислувале.
^Абе главни сме, ќути тамо Инаку што упорно се замарате и највеќе внимание гледам обрнувате на она што се паѓало, наместо на она што не се паѓало на пр.? Тартиф и Достоевски колку што приметив 2пати се имаат паднато дали во прашања или во есејот. И Чичко Горио на пр. беше лани од толку други дела шансите да ни се падне нас се 1% за мене, а истото и за Хамлет го мислам (не е само тој во Хуманизам и ренесанса има уште 2 прекрасни дела таму). А кај се другите ехее...значи за мене класицизмот и реализмот се веќе искористени правци, а не се само тие.
Сакам да прашам дали некој знае нешто во врска со бодувањето? Од колку до колку бода се движат оцените? Тоа нигде не го пишува а и немам забележано некој да спомнал такво нешто. Може сум малце надвор од темата, ама решавајќи ги тестовите ме заинтересира ова.
Оцените се движат во зависност од процентите, има поназад објаснето. А, јас да прашам што беше тоа типизација? Не ми текнува.
Татриф во времето на класицизмот 18 век Злостоство и казна- реализам 19 век Странецот модернизам- Мерсо живее во Алжир Чекајќи го Годо самите ликови не знаат кога се случува и не знаат што чекаат
Јас изгледа на 18ти ќе го полагам едниот екстерен, стручниот. Ќе биде далеку потежок од македонски и англиски, толку многу лекови, формула некоја, задачи.. Ама, добро барем ни ги даде прашањата професорката, околу 160-170 се, ќе ги научам.
Женски, ќе замолам некоја од вас да ми објасни во врска со оценките. Знам дека некоја имаше напишано ама неможам да најдам. И овие оценките од прелиминарниот рок не се конечни или ? Не сфаќам искрено. И наместо нашата професорка да се заангажира и да ни ги објасни овие работи, неа ја нема.
Фактички оценката е таа што е во прелиминарниот резултат. Конечните се толку доцна затоа што, на пример, некој ќе сака да приговара (ако не е задоволен од прелиминарниот резултат т.е мисли дека напишал повеќе отколку што добил оценка), а незадоволни сигурно ќе има. На тие што ќе приговараат ќе треба одново да му биде прегледан тестот (ама не знам дали тоа влијае на оценките и перцентилите на другите ) и потоа на 23 јули ќе има конечно утвредени и непроменливи резултати.
Еве ти Примавера ако ова те интересира. А прелиминарни резултати ќе има по 30 дена и тие се уствари исти ко конечните само со исклучок некој ако поднесува приговор итн. ама ми рекоа дека немало разлика во глобала. Што значи, и од прелиминарните ќе знаеш на што си.
Девојки, оние што полагате математика, ги вежбавте задачите од типот Квадратна неравенка и квадратна функција? Гледам само квадратни равенки спаѓаат во испитната програма, ф-циите и нер-ките ги нема. Ги вежбавте? И дали воопшто ги има квадратните неравенки, немам сретнато низ тестовите.