Јас полагам математика, и не ги вежбав неквадратните, затоа што ги нема во испитната програма, ниту пак во тестовите.
Сакам да ве прашам уште нешто за македонски. Песни само ги читате, така? А ако ги обработувате кажете ми како...
Јас ги учев, т.е учев за што се работи во нив, на пример што се зборува во Дениција, во Голапче во Желание на Константин, а таму каде што имаше пишувано што е употребено од стилки фигури имаше повеќе набројани ама тие сите не се паметат
Почнуваме со надворешните белези и лирскиот субјект. Пр. Седма молитва на моето тело – Ацо Шопов Spoiler Твојата молбена закана, твојата лукавост нежна и сите твои слатки измами ги знам. Дали оваа игра денеска толку ми стежна па пред тебе до болка и јас се разголувам. Ти знаеш - на ова место нема никаква трага, ни хисник овде ни ѕвер некаков мине. Биди милозлива, биди дарежлива и блага со ова тело од чекање што гине. Ова тело личи на жедна суводолица поцрнета од сонце, испукана од жега. Ова тело е истрајно и гладно како јаловица. Биди му родилка, зачни го повторно сега. Песната е составена од три строфи, секоја има по четири стиха (катрена) , што значи дека е строфична. Имаме слободен стих, немаме ограничување во бројот на слоговите кај стихот. Звучноста во оваа песна е постигната со помош на рима (ги набројуваме сите), римата е вкрстена и со повтарање на гласот “ж“ (алитерација е повторување на исти согласки, а асонанца исти самогласки). Песната е љубовна. Лирскиот субјект е во 1 место и се обраќа на љубената. Потоа следува подедално анализирање на секоја строфа. Ги раскажуваме чувствата на авторот, некои ги дообјаснуваме и бараме стилска фигура. Пример во првата строфа знаеме дека на авторот не можел против интригите на љубената ( кои за него биле слатки и нежни), па целосно се предал на нејзиното заведување. Во третиот и четвртиот стих има реторско прашање.
Сакам да ве прашам дали може да биде вклучен во есејот „Гарванот“ од Едгар Алан По ?? Зошто пишува дека Едгар Алан По е претставник на романтизам во САД :/
Па ако има за тројцата многу ќе биде, за тројцата. Него пак не ми одговори некој за есејот, или не видов. Во воведен дел ете за правецот, кај се појавил, кога , особености ова она. Главен? Како да ги спојам Пушкин и Бајрон . Една поема и роман ако не грешам Јас стварно немам никаква идеја..
Eве да ви дадам совет за песните. Најдобро нешто што може да направете е да ги научите добро стилските фигури општо. Нема да ви се паѓа да обработувата цела песна, туку ќе ви биде дадена строфа, а вие ќе треба да одговарата на прашања поставени за таа строфа. Ако добро ги совладате стиските фигури, нема да има проблем да ги препознаете, а тие се најчести прашања кај песните. Освен писателот/пеотот и периодот кој е напишана, не е потребно со друго да се оптоварувате. Барем јас кога полагав така беше.
Во учебникот по македонски јаз. и литература за 4та се супер објаснети, впрочем, ги поминавме на почетокот на школската година. Има и мноогу вежби и примери, јас од таму планирам да повежбам. И плус, од прирачникот ќе барам стилски фигури во дадените песни.
Има ли некој тест по македонски на некоја страна да се извежбам да видам што знам? Ај ако знаете пратете ми.
Ги има на matura.gov.mk сите од минативе години. Туку јас да прашам, ако се падне песна може да има прашање: Каков е стихот во песната? Јас само слободен стих знам како е, други не знам т.е не ми се јасни. Како ќе знам дали е силабичен или силаботоснки стих?
епа ги броиш слоговите во 2,3 стиха и ако се поклопува бројот (а најчесто се поклопува, освен во т.н бели стихови) пишуваш дали е четверец (4 слога) петерец, шестерец итн... Кај силабичниот стих не се битни ритмичките стапки(јамб, дактил, трохеј, амфибрах и анапест) овие ритмички стапки се битни кај силаботонскиот стих кој е лесно препознатлив по ритмичките стапки и еднаквиот број на слогови во стиховите. Најлесно за определување е ако си почниш да акцентираш (внимавај на акцентските целости)два стиха и ќе видиш за кој вид станува збор...во прирачникот ова е убаво објаснето пр. Ста-ни си ут-ре по-ра-но -8 слогови Дој-ди си ве-чер по-до-цна -8 слогови,осмерец на-у-тро ра-дост по-не-си на-ве-чер та-га до-не-си овде е комбинација од нагласен па два ненагласени (дактил), нагласен -ненагласен (трохеј) и нагласен и два ненагласени (дактил)... -ова со комбинацииве позафрканото е,затоа треба убаво да се научи версификацијата еве полесен пример: О теш-ко-то! Зур-ли штом ди-во ќе пис-нат штом та-пан ќе грм-не со под-зе-мен е-кот дванаесетерец, амфибрах ( ненагласен-нагласен-ненагласен) = силаботонски стих се надевам помогнав
Денес на дополнителна професорката ни рече дека можно е да има тема и за романтизмот во Македонија фак.
Благодарам phoenix4235, знам да ги избројам слоговите, ама ова со акцентот ме буни (се надевам дека нема да има такво прашање ) Да.