Убаво објаснуваш phoenix4235 , ако може објасни и за дактил и трохеј и како да ги откриваме стилските фигури во песните.
Женски дали некоја ќе полага биологија? Дали професорката ви даде некои прашања да ги учите или ќе учите од учебник ?
Версификација-наука за стиховите ритмичка стапка е целина од нагласен и ненагласен слог. Нагласен слог е акцентираниот слог во зборот. 1.Јамб двосложна ритмичка стапка во која првиот слог од стихот е ненагласен а вториот нагласен пр. Се к’ти ноќ-та цр-на! Се ру-ти кар-па мрак! прво акцентирате внимавајќи на акцентските целости а потоа од првиот слог гледате како се менуваат ритмичките стапки. Исто така ако последниот слог во едниот стих е нагласен во следниот ред треба да биде ненагласен, доколку станува збор за јамб, а истото правило важи и за сите останати ритмички стапки т.е не го гледате секој стих индивидуално туку како што читате книга, едноставно продолжувате во следниот ред и го гледате редоследот на нагласените и ненагласените слогови и извлекувате заклучок за кој вид станува збор. 2.Трохеј(хореј)-обратно од јамб ,двосложна стапка од нагласен па ненагласен слог па пак нагласен па пак ненагласен.... 3. Дактил- трисложна стапка . Тука има нагласен слог па два ненагласени па пак нагласен па пак два ненагласени итн... 4. Амфибрах -трисложна стапка од ненагласен па нагласен па ненагласен слог 5. Анапест трисложна стапка од ненагласен ненагласен па нагласен слог запомнете ги последниве три по тоа што нагласениот слог е прв, па во следниот вид е втор па во последниот е трет... А за стилските фигури и јас забележав каде грешам а претпоставувам и сите останати кои салам седнале да научат... Значи кога ги решавав тестовите од претходните години сама си се зафркнував кога нешто ќе ми беше ептен очигледно велев нема шансиии ова е многу лесно да е така сигурно е нешто друго и сама си комплицирав и се згрешавав... Обично тие прашања се со заокружување, а и да не се вие научете ги добро сите стилски фигури и ако не знаеш и ако не можеш да ја препознаеш по пат на елиминација, кажи си ја дефиницијата во умот и гледај дали има такво нешто.. и јас само си повторувам во себе не прави сложено кога е просто! Всушност ова ти е како пишување есеј, за да напишеш убав есеј треба да имаш читано книги и одличен речник а во случајов читано и анализирано песни и така да се вежбаш со тек на време и да ти влези под кожа... А прашањето е кој чита поезија освен ако не мора како во овој случај за матурава? Никој
Феникс ме збуни малце ако е првиот ненагласен зошто имаш акцент на него... не треба така тој да биде нагласен зошто акцентираш на првиот збор ?
оти бе има? Се-к-ти ова не е акцентска целост? ама сега се збунив и јас, ова од прирачникот што го учев примерот го напишав...Ама сега и јас се задумав.... можи на ова Билјана и ова да и е згрешено битно јамб е ненагласен-нагласен еве за трохеј убаво објаснето Трохеј е двосложна стапка во која првиот слог е нагласен, а вториот ненагласен (нашите двосложни зборови се трохеи). За постигнување на трохеј во стихот се употребуваат двосложни зборови. Трохејот е познат и како хореј. Бол/ка бо/ли — бол/ка го/ри, (нагласен - ненагласен - нагласен - ненагласен) бол/ка пе/че — ду/ша мо/ри
Се кти нок-та цр-на во секој од овие кога нагласувам почетокот повеќе е истакнат и акцентот е таму значи првиот е нагласен, да не е грешка некоја во прирачникот
Јас полагам биологија и на нас професорката не ни ги даде прашањата, само теми и ни кажа на што повеќе да обрнеме внимание. А почна ли нешто да учеш по биологија или?
Знаеш дека јас сум грешка? -.- ...СЕКОЈА СТРОФА Е ИНДИВИДУАЛНО АНАЛИЗИРАНА (sorry) еве сега тоа го согледав...а инаку за акцентов на к паѓа бе....не звучи правилно СЕ к’ти
Јас почнав да овторувам од последната тема еволуција и за регулација на системите, ама кога ми кажа професорката дека прашањата ќе бидат со табели, поврзување и заокружување решив да ги учам само прашањата од учебникот од 4та зошто не ќе можам инаку да се снајдам, залудно што ќе учам со раскажување, вака само тие прашања ќе ги научам . Феникс во се кти испуштена е буквата и затоа има апосторф таму, да беше се кити на и ќе си беше акцентирано, сега е на к зошто со три букви е зборчето.
па да де на к е акцентот како што напишав прво исто и во следниот стих на слогот ру ама ај ова нека го нема на матурава а замисли си да се сложени, комбинации од повеќе ритмички стапки....
Моја рекација ако има такво нешто. Да се надеваме дека нема да има Женски јас ќе ви велев да обајсните за дијалектите малце. Значи кој градови се во кое наречје и дали обрнавте внимание на правилата ?
И кај нас така кажа дека ќе има од тој тип прашања т.е со заокружување, дополнување и поврзување во табели и + некои прашања ќе биле за раскажување и ќе носеле повеќе поени. На пр. објасни ја делбата на клетка или пак Кребсов циклус нешто слично. А јас уште не сум почнала да учам, ќе чекам прво да поминат македонски и англиски и после колку време имам толку. Многу ми е тешка регулацијата незнам како ќе ја научам
Мене табелите ми се најтешки затоа од учебник ќе ги научам прво прашањата потоа од тетратка што сме пишувале за да можам да раскажам.
Чичко Сократ употребил, јас гледам што имам пропуштено во прирачников. Не учев се со ред, учев прво од кај што ми се виде поубаво, јбг.
Уфф.. ќе заврши ова полаањево некогашш.. .. Инаку да ве прашам ги учите карактеристиките на романтизам,реализам,класицизам.... ? мислам се ми е испомешано... пс Има некој германски интерен да полага?