Колку многу сте коментирале. Јас ја завршив светската литература, сега одма ќе почнам и со македонската. Од пет часот како си почнав, ми се учи бре. Ја ви една страничка http://mkdliteratura.blogspot.com/ Има ги книгите од 1ва до 4та год. раскажани и нешто повеќе плус има, сигурно ќе ви послужи.
Jaс не планирам карактеристиките на правците да ги учам. Ниту пак делата да ги учам да ги раскажувам. Оние што ги имам читано ги знам, оние што ги немам читано само по еднаш ќе ги прочитам и толку. Незнам дали ќе успеам да научам, мноогу касно почнав
Приемен испит има на архитектонски , музичка ,ликовна, драмска академија. На американ колеџ исто моја другарка ќе полага приемен за економија на англиски јазик. А исто мислам дека од оваа година ќе има приемен и на филолошки - за англиски јазик, ама не сум сигурна.
Е,а сите сте државна матура? Нема некоја земано завршен испит? Кај нас од цела генерација само 9 се завршен испит. Јас на 18ти ќе полагам стручен, а на 25ти општообразовен. Денес видов за сигурно.
Кај мене у клас 8 сме само на државна матура, друго се е на завршен, од 34. А и од другите класови има многу на завршен. Mоже некој да ми ги објасни проспекција, ретроспекција, интроспекција.
Женски, денеска на подготвителен час по матура професорката ни кажа дека ОБАВЕЗНО се паѓало прашање со карактеристики на одреден правец. Обрнете внимание на тоа!
Интроспекција е навлегување во психата на ликот. Проспекција ти е нешто како предвидување на нешто што ќе се случи или барем јас така мислам. Не сум 100% сигурна за ова, не ме фаќајте здраво за готово, но можеби соновите во делата кои навестуваат што може да се случи се проспекција? Ако знае некој подобро, нека објасни.
Има некој интерен социологија? некој ги има прашањата од минатите години? ако ги има да ми ги прати во лп. Однапред благодарам
А, да прашам јас дали ги земаат телефоните додека полагаме ? Т.е. прочитав негде дека кога ќе влеземе во училницата сите такви направи треба да ги оставиме ? (прашувам бидејќи имам еден учебник во пдф формат во моб., па дали би било можно ако имам нејасно прашање некое да излезам во вц и да си го проверам ?)
Телефони, новчаници и слични ствари што си ги носиме со нас ќе имало место посебно каде што ќе треба да ги оставиме, а после завршувањето на испитот да си ги земиме. Така ни кажаа кај нас на училиште, валда за сите важи истото.
^ тух бре па сигурно не мора да го оставиш , исклучен ќе си го ставиш в џеб некаде да не се гледа. (барем јас така си правам филмови )
Зависи, многу другарки претходнава година се снајдоа со мобилните , но не треба да се ослонуваш на тоа
Колку е дозволениот фонд на зборови оваа година за есејот? И што е поточно, V или 5 век? Римска или арапска?