Затоа ќе си носиш два и едниот резервата ќе го носиш за да им го оставиш таму кај што треба, а другиот во тебе, нас вака не учеше професорката
Па не ми текна за ова , ама добра ти е идејава . Дај боже мене да не ми треба воопшто да проверувам, ама што си е сигурно си е сигурно! Едниот ќе го оставам , а другиот в џеб во некои пошироки пантолони за да не се гледа (мислам дека ова ми е посигурно отколку да оставам учебник во вц ) А и нормално зависи од ситуацијата каква ќе биди, а и од тој тестаторот што ќе ми се падни , ќе одлучам дали има услови да изведам некоја далавера или не
Кој е за на филолошки дами објасни некои работи? Значи на 16ти и 17 се уписите а на 18 приемен тест? Дали само првиот јазик го полагаш? Откако ќе се запишиш одбираш втор јазик?
само првиот јазик се полага, ако одиш на ПиТ таму одбираш втор јазик, на книжевност нема втор јазик..само како изборен
нас ништо не ни има кажано и ни викаше дека биле шпекулации за темата за есеј дека ке биде романтизам...:/
Не се шпекулации, туку е вистина-темата ќе биде романтизам..Само дали светски или македонски-не знаеме...
не дај Боже да биде македонски романтизам.. Миладиновци, Прличев и Чернодрински.. стварно не знам што би пишувала...
Е многу убаво ве учела не, стварно зависи од надгледувачите. Кај нас на пр. досега на екстерните немало препишување, како лани така и претходно се строги надгледувале. Другарка ми вика тој пред мене отиде во вц, и оваа што не чуваше одма штом стана му го сврте тестот и шифрарникот наопаку за да не видам ништо. И никој не се пофалил дека препишал... а и јас не се надевам многу-многу. Само тоа не е фер, има надгледувачи што дозволуваат јас сум за или сите - или никој. Кај братучед ми па цел тест им го кажал на цела училна, ама не во Скопје... факт е дека во другите градови повеќе попуштаат, а овде исто и другарка што полагаше турски во ЈБТ, вика препишување ептен. Ама затоа другите од ЈБТ викаат па не беше баш опуштено... Секако не се надевав на препишување, секако ќе си го гледам само мојот тест и тоа што ќе напишам тоа ќе биде, само сакам да кажам се е до надгледувачите ако ти се погоди добар ќе извадиш и поени и перцентили и се, а ако не ти се погоди тоа што го знаеш толку ти е. И после демек матурава била мерило за знаење, аха да... први на листа ги ставам тие што ги дознаваат тестовите преку врски од министерство и се први на листа на уписите на факултет, тоа не е воопшто фер, секоја чест на исклучоци што си научиле и гледам ваделе по 98 и 99 перцентили се на се стварно свака им част, ама имам видено и со 100 перцентили и хммм... ме зезаш? Исто и за интерните, па од цело школо се шпекулираше за 3-4 предмети дека ќе дадат прашања и на крај само филозофија даде и тоа 400 прашања од кои ќе се паднат 60. Во други школи гледам им даваат 150 максимум, а кај нас не знам што им е проблемот. Социологија прелани ги даде, лани не, оваа година пак не. Демек ризик било ако ја дознаеле можела работно место да изгуби и ќе си учам од учебникот од 2ра така рече. Ептен ме утеши. Во приватното средно, им даваат по 30 прашања биологија и хемија, 90 филозофија. А кај нас лани биологија и хемија им скратија само некои теми. Разочарана сум...
ОВА ТИ СЕ ВИКА КАЛИМЕРО-НЕМА ПРАВДА! И на крај се се сведува на тоа секој со среќата на прво место, а знаењето на второ место.
Приватно си е приватно.. Некој ќе си учи 200, а некој само 30 и пред тебе ќе биде на факс, а врска нема.. тоа е ...
Епа заради такви работи, врски - некој ќе го дознае цел тест некој не, негде даваат прашања негде не, негде добар надгледувач негде строг, па негде препис негде не... затоа матурава е добро осмислена, ама не е баш така добро реализирана и секако дека не е мерило за знаење во буквална смисла на зборот...
Да, да.. Најлесно си поминуваат тие што не учеле, бидејќи ќе препишат.. А ние што сме учеле 4 години може и дА се зафркнеме на матурата... :/
А нас па класна ни е по биологија не добивме прашања ама си најдов јас решение. Ќе ги учам тестовите од учебникот од 4та година. Секако нема фајде од учење со раскажување кога не тестот ништо од тоа нема да се падне. Сакав да ви кажам да не се обидувате со мобилни зошто лани кај мене во медицинско некоај тестаторка ја пријавила ученичката дека носела мобилен и така падна на првото полагаѓање. Нема да биде фер ако едни тестатори дозволат препишување, а други не дозволат. И во право си Плаво, не се оценува вака знаењето. Најмногу ќе ми биде криво, ако некој/а што знам дека не учи добие иста или повисока оценка од мојата.