е Во македонскиот јазик ги има следните ритмички стапки: 1) Јамб ( U - ), ненагласен и нагласен слог, тоа е двосложна стапка, што значи ја има кај зборови кои се делат на два слога; 2) Трохеј ( U - ), нагласен и ненагласен слог, двосложна стапка. Сите двосложни стапки во нашиот јазик се трохеи, што значи ако во песната дадена во примерот зборовите се двосложни тогаш стапката е трохеј, а не јамб. 3) Дактил ( - U U ), нагласен, ненагласен, ненагласен - Трисложните зборови во нашиот јазик се дактили. 4) Амфибрах ( U - U ), ненагласен, нагласен, ненагласен - Трисложна ритмичка стапка. Исто така и четирисложните зборови во нашиот јазик се со оваа ритмичка стапка, и кај нив акцентот паѓа на третиот слог. ( Песната „Тешкото“ од Блаже Конески е напишана во чист амфибрах) 5) Анапест ( U U - ), ненагласен, ненагласен, нагласен - Трисложна ритмичка стапка. Не е природен за нашиот јазик, за да се употреби мора да има петсложни зборови, или четирисложни + едносложни зборови. И овде е објаснето убаво http://makedonskijazikiliteratura.blogs ... _1373.html
Јас ја завршим цела книга. Сега можам слободно да учам повеќе за романтизмот. Но си имам еден проблем, не ме бива за пишување. Не знам што ќе правам.
Леле мене ме фаќа страв и паника. А имам учено, таква сум паничарка. Искрено не сакам од мак. романтизам да ни падни за есеј, навистина ми е малтретирање да пишувам за македонските дела. Незнаам зошто но полесно ми е да напишам за другите. Женски кога ќе кажат во која училница ќе седиме? Кај нас ни рекоја дека дури сабота ќе разбериме катастрофа. Јас едвај чекам да помини сето ова, смачено ми е.
На денот на полагањето ќе не наместат во училница, само се надевам дека нема со некои проблематични да се погодам Ајде со среќа да ни е на сите
Списоците се истакнуваат ден-два пред полагањето. Нема шанси во сабота да ви кажат во која училница ќе бидете.
Гледајте да немате + - 20 збора зошто ти се одзема еден бод така. Иначе нас ни кажаа да си дојдеме пола саат порано за да има време да не сместат бидејќи мора точно во 10 да се почне.
Нас веќе ни одредија кој со кого е во група. Македонски ми е така-така групата, но англиски ми е јака И лани мислам дека од 300 до 550 збора биле есеите, колку што прочитав.
Абе кај нас е секогаш така, не огранизирано. Нас дури не ни кажаа дека за есејот треба да пишуваме на тема романтизам. Јас од тука разбрав
И кај нас одредија со кого сме во група...само мене најмногу ме плаши есејот...незнам одма во моментот да составам..затоа се трудам некако да го дознаам насловот ама тешко
Ја есеиве ги спремам, може ќе спремам и за мак. романтизам, не се знае... а задутре треба да одиме во школо ќе има списоци кој каде е и со кого е. Се молам да не бидам во сала
Многу ме чудите така што пред време си пишувате, јас преѓе пробав и дека немав конкретен наслов многу ми беше нелогично цело време како да лутав Ајде да се надеваме дека нема некоја без врска да е тема ...
Темата уште не била составена, не ми се веруваше ама се повеќе луѓе ми го викаат тоа. Најверојатно од светски ќе биде, кој ги знае. Ма не спремам за македонски, ако треба таму ќе ја напишам еее