Ама слободната потешка да не е за пишување лелеее ако бидат глупави двете теми ќе му напишам во тој есејот НАЈГЛУПАВИ СТЕ ШТО ДАВАТЕ ВАКВИ ТЕМИ! хаахахахахааха
А не не, цело средно 1 слободна немам напишано а и не одам на тој ризик, вака за џабе ли спремам есеи и учам толку за романтизмов, ќе ја пишувам таа, само да се молиме да е од светски!
И јас не се надевам на слободната...само некој да биде добар и да ја каже ако ја разбере поточно ..макар петок навечер да е...не спијам
Македонски тестовиве ги решавав од претходните години лесни се,барем не се толку страшни како што ни ги претставуваше професорката. иначе сакам и да прашам од кога се уписите заа на факултет?нешто се збореше оваа година порано ќе биле во јуни , а неможам да најдам инфо на веб страните :/
^Е каков јуни кога ние во јули резултати од екстерно добиваме? Нема врска, 16 и 17 август си останува првиот уписен рок Колку време даваат за интерните? 1 или 2 саати?
Да провериш подобро.... чудно ми е бидејќи ние знаевме многу порано кој со кого ќе биде во училница се сеќавам уште на школо одевме кога ги истакнаа списоците.
јас па сакам македонски романтизам... има да се изнафилозофирам како на Диме му фалел Коце носталгии трагедии, состојба во земјата , тага кон непознатото, далечното, па за Глигор и тако даље... Додуша романот „Евгениј Онегин“ ми беше еден од омилените „се се врти се се враќа се се памти се се плаќа“ барем јас така го доживеав, ама пак наше си е наше иначе овде некој пратил линк демек на страната од матура.гов.мк ја имало темата за есеј, а каде поконкретно оти општо странава е многу широк поим и плус ме мрзи да барам
4 саати имаме за екстерните, час трае по 60 минути, а не ко школски 45 мин, а за интерните по 3 часа.
^Не не, македонски е 4 саати, а странски јазик и математика е 3 саати. А интерните 3 часа е многу ја мислам помалце беа.
Женски ај бе пишете ми ги особеностите на мак. романтизам? Не ги знам, а и не се исти како романтизмот во Европа, мислам?
Воведување на мак. народен јазик во училиштата, составување и печатење учебници и собирање народни умотворби. За интерниот ми кажаа 90мин, саат и пол.
Јас ги читав тие особености, ама мислев има повеќе. Ич не се слични романтизмот во Мкд и Европа. А, за романтизам ќе пишуваме есеј.
^Да, ама демек само еднаш на 5 минути, абе ајде, и ни рекоа шишенца со вода да си земеме зошто ќе сме ожеднувале што е и нормално нели.
^ Мислам дека 2 паузи по 5 минути имавме. Јас си имав со мене шише сок, зошто стварно е така малце досадно да изиграваш таму А-бе-це, и да ги консолидираш твоите одговори со одговорите на групата, и ќе те фати више досада. Ја паузата ја користев за да одам на цигара, и коа ми рече: Времето почна да тече сега! фатив еден спринт до веце, да се олеснам, после коа дознав дека во вецињата имало остаено прирачникот македонски се разочарав, али умешност е да се качиш на 2 спрат, да прочиташ тоа што ти треба, и да се вратиш ко газда и со сигурност да си заокружиш, и тоа све за 5 минути. Најн, тут ми лајд.
Се извинувам јас дури сега видов дека некои ме прашавте за учебникот . Иначе учебникот го набавив од фото-копир каде што го имаа во пдф формат . Тој е од Ленка ,најновиот од 2011година.
Некој нека ми објасни за Асиндетон и Полисиндетон, некако во прирачникот многу на кратко, не ги сфаќам
^ Големата пауза ем шо ќе пукниш за мочање ем шо побрзо да напрајш. Ќе ти се здосади 4 сати, имаш време не 1 да го пререшиш, туку 1000 пати тој тесто грд