Да прашам, некој овде поназад спомна дека ако излезиш на пауза во вц, дека тоа ти го забележувале во тестот . Точно ли е ?
Луѓе мене македонски ми кажа дека треба посебно за двајцата , као два есеја еден по друг.Би му дошло по 250 за едниот и другиот..
^ а чекајте нема да има 2 теми? една слободна тема насловот шо ќе ти го дат таму, и една од романтизмот? ти си бираш шо да пишиш??
Да, ти го запишуваат. За да знаат дали си ги искористил паузите, или не. И ти запишуваат точно кога си излегол, пр. 14:03, до 14:08 ти треба веќе да бидеш вратен, ако не, аста ла виста. Мислам дека само македонски има по 2 паузи дека се 4 саати во прашање, другиве се по една пазуа мислам.
Да, еден поврзан со романтизам а другиот слободна тема, ама ќе треба да пишуваме еден од нив, а не двата Душица сигурно мислеше дека треба и за двете дела од романтизам да пишуваме одделно по еден есеј, ама 99% мислам дека не е така, туку си одбираш еден есеј од два понудени од кои едниот е со слободна тема
Луѓе вие стварно мислите дека ќе седете таму 4 часа? Ако го решиш за 2 можеш да си одеш, а не да чекаш да поминат 4 часа.
Па и јас си мислев дека цел ден ќе го поминам во училница ама за два саата завршив. Јас ништо не си однесов, ни сок, ни вода. Од толку што си концентриран на тестот и за глад и за жед забораваш . Исто и времето брзо пролетува. Јас чинам како 5 минути да поминаа беше, на часовите ми е било далеку подосадно и подолго.
Имаше во еден од претходните тестови да препознаеш во песна од К.Миладинов кои особености на СВЕТСКИ РОМАНТИЗАМ ги содржи носталгија кон далечна земја изблик на индивидуалните, субјективните чувства значи има нешто и од светското, инаку не би се викало романтизам кај нас
Асиндетон е кога поетот не користи сврзници, а полисиндетон кога користи многу сврзници Пример асиндетон Дојдов, видов, заминав Пример полисиндетон и дојдов и видов и си заминав
а бе мислев пишувам вовед,главен дел и заклучок за Бајрон и одоздола истото за Пушкин,разбирате? Така ми кажа професорката , а така кажала и некоја од Ѓорѓи.Иди разбери ги...
Твојта професорка, Душица, нема појма. Како бе така ви кажала. Глупости. Фактички така испаѓаат два есеи ( есеја ).
и јас мислев така, соучениците мои викаат дека денес на консултациите македонски со професорката, таа им рекла дека не е во романтизам.. се ми се измеша
На Романтизмот е. Во прирачникот така пишува. Еве кои се одликите на мак. романтизам култ кон народното творештво уптреба на народниот јазик во сите сфери на живеење потенцирање на субјективното поетово ја доминација на патриотизам и родољубие