Дечки не можам да ги најдам тие линковите за како се пишеше формално и неформално писмо по англиски (ги имаше некој тука објавено на темава)... Ај нека ми ги пушти некој во порака ако ги има... оти тука пак ќе ми се изгубат. едит: ги најдов
Чернодрински не е на мак романтизам. Тој побрзо би влегол во категорија со Антон Панов Ристо Крле, Васил Иљоски... Но, бидејќи е ни ваму-ни таму, затоа е тука ставен. Јас така мислам. По романтистите пред литература помеѓу двете светски војни. Ако грешам некој нека ме поправи
Во меѓувоениот период мислам дека сепак не е, затоа што Македонска крвава свадба е напишана 1900- пред војните, и покрај тоа што има карактеристики како драмите од тој период. Збунувачко е, се надевам дека нема да има за него прашање.
Ги собираш сите оценки од сите 4 години. Збирот го делиш со бројот на сите предмети од сите 4 години. Количникот го множиш со 12 (ако си со сите 5ки треба да добиеш 60).
и по која цена ? А дечки ова со списоциве кој во која училница полага, децата ги избираат со почетната буква на презимето или нема врска ?
така нешто ми велеа , врло битно е то само нека се погодат прилично спремни деца , да има со кој да зборниш
Па дајте и на Chivas мејл во ЛП, нека ви го прати пдф докуметот на мејлот и потоа даунладирајте го на компјутер и префрлете го на телефон. Spoiler Прав Патрик сум
РАЈКО ЖИНЗОВОФ е претставник на мак.преродба значи на романтизмот Више пукнав. Не можам повеќе. Аман нека помини тој пусти 9ти. Де ми се учи, де не ми се учи. Де си велам ќе се падни некој ситен детал, де нема. Не знам што да учам побрзо. Ај нека се најди некоја срцка да ме просветли, да ми објасни за предлошки предмет
Предлошкиот предмет лесно се препознава бидејќи секогаш оди со некој предлог(од таму му доаѓа и името) Одговара на прашањата кого? или што? и предлогот пред прашалното зборче. На пример: Ќе одам кај неа. (Кај кого?) А Рајко Жинзифов не ни е вклучен во програмата и не треба за него, а инаку спаѓа во македонски романтизам. А да прашам, колку бода носи тој проклет есеј и како се критериумите за оценување, колку бода за структура, граматика, содржина..
Па мислам дека оди со На, со, пред, во, без + предмет 1. Јас не можам без него. 2. Беше повикна на разговор. Ете од интернет Предмет со предлог е реченичен член кој се врзува со прирокот со било кој предлог. Се наоѓа со прашањата: што? и кого? и предлогот што е употребен. На пр.: Ќе одам на роденден кај него. (кај кого? - кај него). Не можам да живеам без тебе. (без кого? - без тебе). Ме удри со камен. (со што? - со камен). Предлошкиот предмет е многу сличен со додатоците на прирокот за околности. Во примерот: Ќе одам на роденден кај него.- може да прашаме: каде? - кај него, па во тој случај имаме додаток за место.
Мислам дека носи 14 бода . Најважен е надворешниот изглед.Ова ми го објаснуваше професор кој ги правел и прегледувал тестовите пред некоја година.Доколку на прв изглед не ги задоволува критериумите воопшто не ти го ни прегледувале.Тоа значи- да биде поделен во 3 главни параграфи ( вовед, главен дел и заклучок) .Секој параграф да ти почнува со 2 прсти место оставено.А кога ќе го завршиш секој параграф оставаш 1 ред празен обавезно!! Значи ова е прв критериум! И да , да нема чкртаници и убаво читко да биде напишано. Потоа се проверува дали ти е запазен критериумот за зборови( зависи колку ќе бидат дадени ). А дури на крај содржината на есејот.
тенк ју тенк ју конечно сфатив за предлошкиот предмет виртуелно да си касниме читав дека чоколадото го активира мозокот