ПРАЗЕН РЕД?! Цела година професорката не убедува дека помеѓу параграфите не смее да има празен ред.. сигурна си?
^ Да, убаво препрашав и јас. Ми рече независно каде ќе ти заврши претходната реченица обавезно еден ред празен.
Есејот македонски носи 13 бода, а есеите англиски едниот 15, другиот 10. Нема шанси да оставам празен ред, и мене цел живот така ме учеле. До професорот ќе да е, каква е таа целина со делење на редови? Врска нема
Нас па ни велеа или празен ред или со вовлекување на почетокот на редот. Малце ме збуни ова. И јас не планирам празен ред да оставам. Иначе на темата од минатата година, помеѓу двете дела има и/или значи си бираш или за двете дела да пишуваш паралелно или само за едното и плус слободната тема.
Kај нас професорот велеше да не сме оставале празен ред меѓу трите параграфите. Исто и во еден пример на matura.gov есејот е без празни редови меѓу параграфите.
И кај нас кажаа дека нема потреба од оставање на празен ред во есејот, туку само кога ќе го почнеш воведот 2прсти оставаш и после и глевниот дел кога ќе го почнеш да биде ист со почетокот на воведниот дел т.е 2прста и заклучокот исто. А јас пак едно глупаво прашање ќе поставам ама ајде сигурно си е сигурно Во реченицата: Вредниот Симе учи национална историја. подмет е Симе а во подметот спаѓа ли вредниот или тоа е само атрибут исто и предметот е историја а национална спаѓа во предметот или не? Ајде некој по сигурен да ми каже, ова така за сигурност да не се мислам на тестот ако има нешто слично
Значи јас само го пренесов она што јас го разбрав, дали и колку е точно вие самите одлучете си а не значи дека треба да го примените тоа што го пишав. И јас го разгледав тој пример на матура.гов и нема празни редови оставено меѓу параграфите а иако во насловот пишува делата на Оноре де Балзак и/или на Достоевски и во текстот се опишуваат и двете дела од двата автори
http://www.scribd.com/doc/12258697/How-to-Write-Informal-Letters http://www.wikihow.com/Write-a-Letter http://www.writing-lovers.com/formal_letter.html http://www.writing-lovers.com/informal_letter.html Сега треба или не треба празни редови меѓу параграфите?
Да, двете се. Па најверојатно тоа и / или кажува дека си имал право да избереш. Дали сакаш да пишуваш за едното од двете дела или за двете заедно. Јас веќе си спремав еден есеј за двеве дела од романтизмов споени. Некоја моја интуиција ми кажува дека насловот ќе биде „Романтичарските белези во делата на Бајрон и/или Пушкин“ Бидејќи лани пишувале за општеството во реализмот, а во романтизам објективноста не постои, се се врти околу главниот лик, субјективност до крај, па така би морале да ни дадат некоја ваква тема, како мојава.
Да,но butterfly93 пиша поназад дека ако избереш да пишуваш само за еден писател треба + и слободната тема.
Иначе дел од ова од граматиката што го спомнувате го немам сретнато во прирачникот. Ако ми се паднат такви некои прашања автоматски ги скокам и ќе чекам некој да ми ги каже Едит: Не, не Чивас, не реков така Си бираш значи дали сакаш да пишуваш за едното дело само или за двете. Пример За Харолд или Онегин или за двете заедно. Или пак ја бираш слободната тема. Ако биде како минатата година де
Подмет е само Симе, вредниот е атрибут. Е сега кај во вториот дел, мислам дека предмет е целиот израз-национална историја..
Во македонскиот стандарден јазик бројот на слоготворните гласови е: (заокружи ја буквата пред точниот одговор) A. 5 Б. 6 В. 7 Не го сфаќам прашањето
Епа можеби е и така. Јас знам сестра ми кога полагаше во 2010 година немаа право на избирање, пишуваа на две теми, есеј и формално писмо. Сега вака како што е за нас ми се чини е полесно, целосно можеш да се сконцентрираш на една тема. Незнам како им било лани, јас и онака имав во план да пишувам за двете дела во еден есеј.
Слоготворни гласови ти се гласовите што го градат слогот. Логички, би дошле самогласките, плус р, бидејќи и тој некогаш е носител на слогот. Мора да разберете дека нема да бидат прашањата само црно и бело (и Опи во позадина ) туку ќе мора да МИСЛИТЕ логички, напред, назад, отварајте 15 пара очи, ма како знаете... само мислете битно.
Јас мислам дека и национална е атрибут. Затоа што нели она што е придавка во морфологијата, тоа е атрибут во синтаксата. Национална е придавка (што ја опишува именката т.е. историја). Јас вака мислам, поправете ме ако грешам.
Се мисли на самогласките во нашиов јазик, а, е, и, о, у. Мора делот од зборот да завршува на самогласка за да го поделиш. Пример: сло-бо-да; Што значи се 5 слоготворни гласови. Мислам дека р не го важат тука. АКо грешам некој слободно нека ме поправи. : )