Тапа сум граматика. Ништо не знам. Едит: Јас не ги учам сврзниците на памет. По логика ги определувам.
Jaс имам едно прашање како ги запомнувате сите видови на сврзници? Spoiler Можеби глупаво прашање, ама сврзниците ми се кобни. Јас мислам дека ако има во реченица да определиш каков е, ќе е некој ептен искористен во говорот, па онака одма да ти текне каков вид е. Или по логика.. Само се надевам нема да дојдам до степен на блокада од преголем стрес, трема, нервоза, возбуда или што уште не.
^девојкиии ајде одјавувајте се од фемина и повторувајте македонски Јас баш повеќе си се надевам на овие логичкиве прашања дека ќе се извлечам, а материјалот од скриптата го знам одлично и сега ќе го повторам по не знам кој пат. Мене само за есејот ми е страв
Мислиш видови на сврзници по кои ќе откриеш каква е реченицата? (временска, условна, последична итн.)?
Спаѓа и р. Затоа прашањето е бројот на слоготворни гласови. Ако беше бројот на самогласки, тогаш ќе беа само а, е, и, о и у. Ама штом е слоготворни гласови, знаеме дека и р образува слог, нели? Барем јас така мислам. Попревете ме ако грешам.
Абе од вас да не може да се згаси човек кога и да проверам се некој пишал и нормално морам да отворам да прочитам.
Ова прашање го имавме поставено на професорката и одговорот е 6 значи а, е, и, о, у и понекогаш р образуваат слогови Јас пак го најдов во македонскито од 1ва година таму пишува што како, исто како претходно што објаснија пред мене
Да.. на тоа мислев, бидејќи досега секогаш сум ги одредувала по логика.. Ама ова е сепак матурскиот испит некако мора да си 100% сигурна..
Леле, јас се збудалив. Искрено од страв ми е. Јас тие сврзниците не дека сите ги паметам. Иначе Клетници во романтизмот е?
Е јас многу се изнервирав сега, како прво не го разбрав прашањето и од тој последен тест од авгсут 2011 најглупави се прашањата.
И да 6 се слоготворни, сега проверив на блогот од Билјана Богдановска. Една дилема разрешена! Да „Клетници“ е дел од романтизмот, ама романот не е даден во Прирачникот.
И јас не ги учам на памет, само ќе ме дозбунат така, ако сметаш дека ти е посигурно, научи ги, што знам.
. . . Страшна паника ме фаќа... неможам македонски да се одлучам што да пишувам, незнам како да го оформам есејот што да пишам во воведниот дел од романтизам , што во главен, што во завршен, од каде да земам податоци за романтизам ,светски рамки или ..... дај девојки помогнете ми кажете како правилно да оформам вакво нешто или пак крајно слободен да си земам а кој знае па каква забегана тема ќе се даде :geek:
Немам веќе воља за читање. Ја поминав светската, а од македонската уште малку ми остана. Граматика не знам ништо. Не можам веќе. Мрзе ме.
Богами пупи сега веќе се е така, хаха Метонимија е употреба на зборот во преносно значење, на пример: група луѓе = колектив, а синегдохата е кога делот го сфаќаме како целина, на пример „Немам ни денар.“ - употребена е еднина, наместо множина. Ги набубав овие стилскиве како песна.
И јас ги учев ама залудно учиме кога на тестот мислам дека ништо нема да ни се погоди како што си учевме ние. Одам јас да си легнам, нека се плаши тестот од мене и масата на која ќе решавам