Душо да не те разочарам, ама мислам дека немаш шанси во државна. Е сега ако си спремна да одиш во приватна, тогаш обиди се. Со среќа
Приватна или државна не е битно, само да ме примат фала Lolipop23 ќе се обидам медицината е моја желба па здравје иначе дали можеби некој знае нешто за квотите по националност т.е. ако можам да се запишам како странски државјанин дали можеби ќе имам поголеми шанси за да ме примат? познавам пријателка која сака да проба на тој начин бидејќи се плаши дека бодовите не и се доволни, па ме прашуваше за совет...имал ли некој можеби такво искуство ? јас мислам дека нема што да се загуби може да е само предност...
Такво нема шанси да добиеш мислам, освен ако немаш двојно државјанство ....... Затоа и се бара во документите и државјанство, ти можеш да напишеш дека си Американка, ама ти треба доказ за тоа
Само тој со искуство мојт да кажит шо е како е! Така да - има шанси да се запишеш како странски државјанин (сестра ми така се запиша), секако мора да имаш странско државјанство, да трчаш со документите на секое и да платиш многу повеќе од доволно.
Ајде чекаме информации , кој на каков факултет се запиша И со среќа , па сите да бидете примени .. и да си славиме овде
Ако мислиш на Јустинијан Први - Скопје, ќе бидеш државна - гарантирано Лани во државна влегоа и со 84-85 поени... Поздрав и многу среќа и понатака во студирањето!
^^ ме израдува многу. Јас таму ги поднесов документите и ќе чекам резултати. Многу сум возбудена некако
Епа колешке, честитам и ако има нешто што сакаш да знаеш во врска со факултетот/студирањето, прашај ме слободно.
Еј супер, си имам колешка од форумот Ќе те имам во предвид , да си знаеш. Па здравје понатака сигурно ќе се запознаеме
Девојки,и јас поднесов документи..На економски,финансиски менаџмент...Се надевам дека ќе ме примат,ако не таму,барем на вториот што го напишав,е бизнис...Ви посакувам многу среќа на сите и сите да се запишете каде што сте намислиле!
Здраво девојки , јас подадов документи за оптометрија во Штип , се надевам дека ќе ме примат бидејќи имам 87 бода . Дали има некоја од вас ккоја се запишала во Шт? Среќно на сите !
Нека ви се со среќа уписите,да си се эапишете сите на што сакате, и лесно и брэо да си го эавршите факултетот
фалаааааааааааааааааааааааааааааааа , ќе се испотиме малце додека да дојдеме до дипломата .Лелеее и јас пораснав
Се запишав на Фармацевтски во Скопје и се надевам на државна квота со моиве 95,7688. Немаше гужва Ајде здравје
Ќе ти го кажам истото што и на starfish, лани примија во државна квота на правен и со 84-85 поени, а не верувам дека нештата се промениле многу од тогаш. Така да, немаш гајле!
Поднесов документи вчера на економски - финансиски менаџмент и од тогаш сум како на игли Како ќе го дочекам 23 појма немам Ајт со среќа на сите и да не примат ако не државна, со приватна
Мoonlight и јас сум на истото...Ама јас како минуваат деновите губам надеж дека ќе ме примат...85 поени имам...Ако не таму,би била задоволна барем на сметковоство да ме примат..Со среќа!