Метонимија е замена на зборови, односно преносна употреба на зборовите врз основа на зависна врска меѓу два пoима од стварноста Синегдоха е кога делот го сфаќаме како целина односно употребуваме еднина наместо множина.
Абе вака дефиницииве и примерите од учебникот лесно се памтат, ама кога ќе ни дадат да ги препознаеме еееее тогаш
А добро ја да ве прашам, од есеите за Романтизам и за слободна тема, можеме да бираме за што сакаме да пишуваме или тие ќе кажат?
Ма, ги нема во програмата, зошто да ги учеш, нема за нив да има. И плус вие сте ја обработувале Клетници?
Старбакс ти стручно средно си,така? Вие мислам ја немавте Клетници? Ние гимназиско ја обработувавме. И тоа како професорката не давеше, сите пет тома не тераше да ги читаме. Скратената верзија не беше дозволена.
Да. Ние не сме ја обработувале. А,штом не сме ја обработувале значи нема да ја има. Сега и јас се мислам меѓу слободниот есеј и оној од Романтизам.
Незнам дали имате слушнато дека демек тестовите од 2008 ќе биле оваа година пак.. Јас не верувам, но на страната за матура што е само тие тестови се заклучени, по сите предмети . Што мислите вие?
И јас исто ја бирам слободната тема од причина што полесно ми е да филозофирам за нешто за кое се бара мое мислење отколку да се придржувам до делава...
Најверојатно и јас ќе земам слободна тема. Можам да пишувам и за делата,ама ме мрзи да читам повеќе за нив.. Уште па и слободната да е некоја чкљ тема.. епа на здравје ^^ Литл,ја не верувам баш.. Ама да бе стварно зошто баш само од 2008 год. ги нема тестовите?