тие беа заклучени ехе од кога, незнам искрено. Ама не ми се верува, сигурно ќе направат некои нови и стооо пати потешки од овие од лани
Јас се одлучив за романтизам. Амо ако ми се допадне темата за слободната можи неа ќе ја пишам. А зошто мислиш дека ќе бидат потешки? Јас се си велам полесни ќе бидат... си се тешам
Можеби ќе бидат некои слични прашања од тие па затоа се заклучени.. незнам стварно Сите викаат дека лани тестот бил многу лесен со многу банални прашања .
И јас слушнав нешто демек тие тестови ќе биле и намерно поради тоа се и заклучени, ама колку е тоа точно, незнам...
Јас го разгледував тестот уште пред да седнам да учам , од лани значи од јуни, и се погодив само од слушање на час, без книга отворено, треба многу концентрација пред се и многу мозгање, 100 пати да го прочиташ текстот, а во глобала не е ич тешко.
Е како може од 2008??? Па ако некој полагал тогаш може слободно да ти каже ако се сеќава на нешто, а дефинитивно се сеќава.
И јас се двоумам меѓу есејот за Романтизам и слободната тема. Мислам дека ако пишувам за Романтизам треба да се придржувам кон правилата, да внимавам да не згрешам, а јас ги мразам сите тие правила и закони кои ќе ме ограничуваат при пишувањето. Повеќе сакам да филозофирам, да го ослободам својот дух, да се внесам во пишувањето и спонтано да ги составувам речениците. Всушност, јас сите есеи досега во средно сум ги пишувала на таков начин и сите ми биле 5ки. Затоа се мислам да одберам слободна тема. Имаме поголема слобода на изразот во слободната тема (секој може да пишува за тоа што тој го сака, а не како за романтизмот, со премногу правила, па да мислиш да не пропуштиш некое итн...)
Не е тешко ,треба само внимателно да читаш и да мислеш. Да немаш печатни и граматички грешки, тоа е најважно.
Абе, не верувам. Зошто со секоја измината годнина, даваат се потешки прашања. Ама затоа пак има поголема можност да се препишува
Јас си ги решавав тестовите и ретко кое прашање не го погодив само што нема да бидат тие истите, а не знаеме какви ќе бидат годинава...
Ќе видиме, ќе видиме. Дај боже да се полесни. Во прилог на сите ни е. Ах сега се надевам дека за брзо ќе ни кажат каде и со кого ќе седиме .
Потешки??? Јас кога правев споредна од 2009 и од минатата година баш приметив дека се стопати полесни секоја година. Се се тоа шпекулации дека ќе бидат потешки.
Да прашам јас нешто: од изборот на песни од македонскиве поети, може да ни се падне било која песна за анализа? Или само тие што ги има во прирачникот? Бидејќи јас ги вежбав оние што се дадени (нели тие се попознатите), ама пак од друга страна секој поет има напишано многу стихозбирки и песни, па според тоа мислам дека има шанси да ни се падне било која песна за анализа, независно дали ја имала во прирачникот или не, само е битно да е од познативе поети што ни се за учење. Вие што мислите?
Колку што можев да забележам досега беа само тие песни што се од прирачникот па мислам дека така ќе биде и годинава
Абе само безврска е оваа негативност, не дека е нешто ептен тешко, сите викаат тешкото од после следи, па ќе видиме ...
^ Абе досега сите вака шо ги имам прашвано ми рекоја дека матурата била најголемата глупост шо можи да постој и дека сега шо сум се нервирала, от ко ќе завршело ќе сум се смеела, па ќе видиме дали ќе биди така