Ја и Литл девил сабота полагаме во иста просторија. Инаку темава малку ја напнавме. И да го имало во некој од претходните тестови и ова прашање и ја ги научив на памет од Шекспир за секој случај. Ќе се потрудам и од другите барем по 3 дела. Инаку ќе ја пишувам слободната тема па што сака нека биде.
не знам во која година беше ама го има сигурно.. инаку ако почнам да учам по најмалку три дела од сите автори ќе ги заборавам и тие што веќе ги знам
И јас така мислам, дека можеби повеќето прашања се од тој тест, па затоа и е заклучен. И јас ги имам сите Иначе, сите дела заедно со авторто ги учите?
Обавезно има такво прашање. А може и стихозбрирки од поет да треба да наброиш, најмалку три. А инаку за Шекспир, внимавајте, може да има 3 комедии, 3 трагедии.. така да треба да знаете повеќе дела од Шекспир. Исто може да се падне од Достоевски да наброиш дела, Чехов, Балзак, Бекет.. од македонскиве автори не би требало да има такво прашање..
Да, секако дека учам минимум по 3-4 дела на сите автори. Професорката во повеќе наврати ни го потенцираше тоа.
Може да ми ја објасните разликата меѓу преодни и непреодни глаголи? Знам дека едните се однесуваат на предметот, а другите на подметот, ама сепак не можам да ги сфатам Ако може со некој пример, или сл. ??
Преодни се мислам оние кај кои дејството преоѓа врз предметот. На пример : Марија пишува писмо.(значи писмото е пишувано) Јас ќе гледам телевизија.(телевизијата ќе биде гледана. А непреодни каде што дејството од глаголот не преоѓа врз предметот. Пр: Вчера врнеше дожд. врнеше е непреоден мислам. Исто и грми, дува, грее се непреодни. Е се думам и оди дали е непреоден. пр: Јас ќе одам во кино. не преоѓа дејството врз предметов. Не знам дали е точно вака и дали е убаво објаснето, ај нека ме поправи некој и нека допојасни.
Преодните глаголи секогаш одат со предмет, односно дејството преоѓа на предметот и не можат да стојат самостојно. пр. Јас раскажав приказна. Раскажав е преоден глагол затоа што доколку не кажеш што си раскажал ќе остане отворено прашањето што си раскажал. Непреодните не се поврзуваат со предмет и стојат самостојно. пр. Птицата лета. Мислам дека оди е непреоден, а и во прирачникот е даден како пример за непреоден.
Искрено ќе биде интересно, јас дознав со кој ќе сум во група. Иначе англиски сум во јака група, а македонски не толку. Ама има неколку човечиња што знаат мак. и во мојата група. И да среќна сум. Не се замарам откако дознав со кого сум. А тоа надгледувачите дали ќе ни дозволат да препишиме или не, мене сеедно ми е. Јас сум тапа за препишување, така да... не би ни пробала. А за некој да дофрли, само со една личност планирам да е така. И сега ... другото е фактор среќа. Кој колку ќе се снајди. Јас искрено сум учела континуирано во текот на сите 4 години, но не ми е криво ако некој препиши. Не му давам од мене, тоа да. Ама ако се снајде, и да има повисока оценка од мене, нека има. И тоа е начин, можеби многу нема да му користи на факултет, но негово право. Ни се лутам ни се бунтувам. Нека помини ова што побрзо, веќе досадно и напорно станува. Секој ден да повторуваме исти чуда И иначе уште еднаш ве прашувам. Во правецот романтизам се делата : Страданијата на младиот Вертер, Странствувањата на Чајлд Харолд, Евгениј Онегин, ( браќата Миладиновци) Spoiler иначе зборникот само двајцата го напишале(ги собрале) песните, или само Димитар? , Сердарот, Македонска крвава свадба(Чернодрински), Крвава кошула (Жинзифов) и Клетници. Но во прирачникот нема за Клетници и Крвава кошула, што мислам дека не мора да значи дека нема да бидат вклучени во есејот. Вие што мислите?
Се решив и јас за слободна ќе си пишувам, барем ќе се внесам колку толку ќе напишам 300 збора.. конечно е готов списокот, се погодив со уште 14 деца од мојот клас
Најмногу ги мразам оние на дополнување. Ти изнудува одговор буквално и мора да биде напишано така, па ко ќе видам дрндрндрндрн ___________. ми иде да се отрујам во моментот, гледам лани немало ниедно, се надевам и оваа година нема да има Инаку и мене пратете ми ги тестовите од 2008 ако ги имате.