Хаха, ќе ги прајме 5ки, а? Инаку сакав да прашам нешто за есејот. Ако се падне на пример да пишуваме и за Чајлд Харолд и за Евгениј Онегин, ќе пишувате одделно за нив, или пак ќе ги споредувате? На пример, Чајлд Харолд посакал да избега од досегашниот живот и го напушта родното место и заминува низ Европа, исто како и Евгениј Онегин, кој заминува да живее на село?
Нема потреба од никаква грубост. Јас прашав само. Искрено ако не сакаш не ми одговарај, не ни те прашувам тебе како поединец. Дај олабави малку очигледно си под огромна доза на стрес Едит: Знаете како стравот си го прави своето, професорката не ни потенцираше на што да обрниме внимание, па морам да прашам. Да прочитам мислење поразлично од моето
Па 100 пати прашуваш и ние сто пати ти кажуваме. Ако не ни веруваш што прашуваш по 100 пати едно исто.
Јас не прашувам затоа што не ви верувам, прашувам затоа што ви верувам. Различни мислења, можеби некој ќе се спрема за тоа, од кај знаеш ти? Можеби некоој ќе пишува слободна тема, некој ќе се спрема за нешто друго. Мислам искрено олабави, нема потреба од ваква негативност, особено кон мене.Ништо страшно, немој да ме читаш. Не ми ни смета тоа, но јас прашав од незнаење, фала богу никој што знае не се мачи да праша
Зависи како ќе си го осмислиш концептот на есејот. Како што кажав, јас најпрво пишувам одредена теза (карактеристика на романтизам), па една или повеќе помошни тези и потоа истото го поткрепувам со пример (зависи, некаде само од Евгениј Онегин, некаде од Чајлд Харолд некаде од двете).
Колку што ми е чудно ова што демек исти тестови ќе давале како да нема материјал колку ти душа сака, толку ми е чудно и што ги заклучиле. Верувам-не верувам 70-30
Добро, извини за грубоста, под стрест сум од постојаното учење и мислење само на тоа. Ама и веќе претходно ти имаме кажано дека тие дела ги нема во програмата, нема да ги има. Јас мислам дека нема шанси од 2008 да ни се паднат истите тестови.
Ама сте се изнапишале, не може човек да ве исчита . Па ај и јас нешто да прокоментирам, не дека нешто паметно ќе напишам. Денес почна нервоза да ме фаќа, а скоро ништо немам учено, онака еднаш прочитано, на некои работи малку повеќе обрнато внимание. Денес планирам светска литература да поминам, утре да повторам и тоа. Ајде со среќа на сите .
Абе се е можно, ама нели државнава матура е да ни го оценат знаењето и такви глупости бла бла, не верувам дека ќе ги дадат истите. Мислам дека спремаат нешто ново. Ама нешто во мене ме боцка и ми вели дека новиов министер е некако незаинтересиран и нема многу многу да притиска, така да ... се е можно Едит: еве од 2008 неколку извадоци Напиши вест за промоцијата на новиот училиштен весник? Кој од зборовите е погрешно напишан? Во која група зборови спаѓа зборот „азно“? Луѓето не се гладни само за леб, туку и за љубов и внимание“,- Темата за есејот
Мене ме фаќа паника некоја, нервоза, ептен сум под стрес. А, си имам зацртано дека морам да поминам одлично на матурата со цел да имам повеќе поени при запишување на факс. Тоа уште повеќе ме води до стресна состојба.