Жени бее.. во рок од 3 саати 10 нови страни сте испишале Вака сеа глеам од темата ЛЕКСИКОЛОГИЈА во испитната програма пишува само основни типови лексички значења на зборовите. Во таа лекција од прирачникот има само за синоними, хомоними, антоними, пароними. Дали треба да ги учам и другите лекции од таа тема??( Лексиката според потеклото, според процесот на обнова, Лексиката според сферата на употреба итн.)
Девојки а да ве прашам, прават некаков претрес на вратакога влегуваш или кога излегуваш за до вц нели смееш 5 мин. на пример да не криеш лист или слично или само да остаивш тоа што имаш?
На тестовите има прашања и за турцизми, архаизми, пејоратив, аугментатив, жаргон итн. Научи ги само што значат овие.
Лелеј,ама пишувате неможе човек да ве стигне. Полека малце! Иначе,неможам да најдам никаде или слепа сум ептен - . - Колку бода вкупно е целиот тест македонски? А колку е само есејот и од колку до колку се движат бодовите и оцените со се нив, знае некој? Или да ми прати линк од сајтот на матура гов,неможам да најдам никаде значи
Spoiler Да прашам нешто знам дека именките се во вокативна форма ако ги имаат -е и -у самогласките во машки род и -е и -о во женски, т.е. ако завршуваат на нив, но како да знам кога се именките во дативна или акузативна форма? Читав и на нет и пишува само за вокативната форма.. За другиве две не пишува ништо. ЕДИТ: Нема врска, научив што било финтата. Конечно.
Мислам дека е 100 ама не сум сигурна, еднаш професорката ни спомна дека од 86поени е 5ка Едит: колку што видов од претходните тестови есејот носел 13 поени
Ова се падежите во стариот јазик, мак. стандарден нема падежи. Мислам дека не би имало вакво слично на тестот. Ова го најдов од нет - датив - означувал намена, индиректен предмет, посвојност и правец; - акузатив - го означувал предметот во реченицата;
Хм.. Ќе го запомнам и ова за секој случај. Најдов јас нешто на блогот од Билјана Богдановска сега кога се загледав подлабоко, таму вели дека акузативот и дативот важат за заменските форми. Акузатив за мене ме, а датив за мене ми, додека вокативот е за именките.
А што викате ќе има за собирачки дејности? На пример какво значење има собирањето и објавувањето на народни умотворби? И собирачките дејности на Димитар и Констанин Миладинови?
Е ако има ќе има за Зборникот јас мислам, за Константин може да има некоја песна и да одговориш на прашања поврзани со неа
Турцизмите се зборови што се користеле во одреден ,карактеристичен период во минатото и денеска немаат значење. Архаизмите се стари зборови , кои сеуште можат да се сретнат во употреба.
па ова е директен и индиректен горов мене ме виде тебе те виде него го виде неа ја виде нас не виде вас ве виде нив ги виде мене ми рече тебе ти рече нему му рече нејзе и рече нам ни рече вам ви рече ним им рече
Овие што си ги пишала Пупи се форми за директен и индиректен говор. Долги и кратки заменски форми. Мене ме, мене ми Тебе те, тебе ти Неја ја, нејзе и Него го, нему му Нас не, нас ни Вас ве, вам ви Нив ги, ним им.
Kратките заменски форми, и за индиректен и за директен се остатоци од акузатив(директен) датив (индиректен)