па кратките и долгите заменски форми за дир. и индир. предмет се остатоци од старите акузативни и дативни форми што учите сега? Јас повеќе не знам што да читам.. И само листам еднаш литература еднаш граматика, се ми се меша хаха
68. Во каква форма се именките: професорке, ученику, Горане? а) вокативна; б) дативна; в) акузативна. Ако може некој да ми го објасни одговорот
Зошто ги споредувате турцизми и архаизми...турцизми спаѓаат во ЛЕКСИКА СПОРЕД ПОТЕКЛОТО, а архаизми во ЛЕКСИКА СПОРЕД ПРОЦЕСОТ НА ОБНОВА... ај некој нека ми објасни за датив акузатив и вокатив, ова во прирачников го НЕМА
^^ Вокатив знам дека е ко ќе му се обраќаш на некој како во примерот погоре.. А зошто ги учите овие ги нема во програмата нити во прирачникот, така да нема шанса да ги има..
Ај ако може еден општ осврт на што НАЈмногу треба да обрнеме внимание и најмногу да знаеме? Од граматика и литература поконкретно што е најважно и најпотребно?
Дативот го нема во македонскиот јазик, но има некои кратки форми кои се останати. Тие форми се употребуваат за искажување на индиректен предмет. Истото е и кај акузативот но тие се употребуваат за искажување на директен предмет. Вокативот пак е падеж за обраќање на пр. Горане!;Човеку!
Lукс мила јас кога ја прашав професорката ми рече дека треба на се да се обрни внимание. Според мене: глаголи, заменки, гл времиња, и синтаксичка анализа на реченицата. А од делата искрено не знам и се надевам дека нема да има некои песни