Не верувам дека ќе биде истиот тест па има доста материјал за оценување, а не за повторување на истите прашања. Слични може(во глобала прашањата секоја година се со сличен концепт)
За авторите сакав да прашам, на авторите од странска литература ги учите делата? Бидејќи на сите одделно е и многу? А таму каде што пишува избор, кои да ги учиме ?
Учев од сите автори по три дела некои кои ми се лесни за помнење мислам дека се доволни толку повеќе и не може да се запомни
Значи, да не си правиме филмови, нормално дека нема да биде истиот тест од 2008 год. Како прво, ако го разгледате е за нијанса потежок и поинаков од тестовите други години (има да пишуваш цели дефиниции и сл.) И нормално дека до сега добар дел од матурантите го имаат тестот, така да.. за џабе се надеваме. Можеби ќе има некои слични прашања, но цел тест -нема шанси.
Абе прашањата во глобала се вртат, слични се. Лани имаше за гл именка, оваа год сигурно ќе има за гл придавка и такви некој слични раб. Незнам од кај излезе таа шпекулација за тестовите од 2008 ама ако бидат тие, уште поубаво и полесно
Дај Боже да се полесни... Ама знам дека в сабота ќе ги колнам сите од државен испитен центар... и ќе си мислам како подобро не ми текнало да научам...