Точно е дека оваа година ќе има повеќе на дополнување.. од областа на литературата.. граматиката претежно со заокружување. Не не не не не НЕ
Имам објаснето поназад за едначењето по звучност. Логиката е таа: ниска е придавка, но за да ја доведеме формата на придавката во женски род, тргнуваме од почеток. Значи низок,ниска,ниско => низ + ка = ниска. Кога во еден збор се среќаваат во слогот две звучни согласки една до друга, настапува едначењето по звучност, така што, секогаш се ориентираме по втората согласка. Има два случаи: звучна + безвучна = две безвучни и безвучна + звучна = две звучни. Нашиот случај е првиот.
Се се, ама најмали се шансите за Гарванот, зошто припаѓа и во симболизам истиот и песна е, нема што толку колку за есеј... имавме ние писмена таква за анализа на песната како тема, ама професорката не ја зададе на часот. Глупости, тогаш ќе се отрујам. И колку романтичарски белези има Гарванот, 3/6. Не, нема да се падне!
Нас па, баш напротив, проф. ни рече дека голема е веројатноста да биде темата за сите 3 дела, т.е. за Чајлд Харолд, Евгениј Онегин и Гарванот.. бидејќи авторите се претставници на романтизмот.. И јас тоа викам..
Дечки, дај не паничете. Не е толку тешка Гарванот, супер е објаснета логиката во прирачникот од 2007.
Не верувам да има со дополнување. Лани немаше, значи и оваа год нема да има. А и министерот не е како претходниот , така да, лесно ќе е
Мислите на вакви прашања: (Овие се со дополнување?) Spoiler Министерот не ги смислува прашањата. (Или ова е суеверие некое дека ако се смени министерот ќе бидат полесни прашањата... )
Дечки не разбрав и не рабрав кои се тие со дополнување? Мислите на оние каде треба еден збор да се допише или на оние по 2-3 празни линии што имаат?
Ама претходниот министер беше многун ангажиран околу матурата и општо образованието. А овој не е толку. Потполно ве сфаќам и знаам дека не ги прави , нема друга работа па нас матурски прашања ќе ни смислува, ама ќе видите дека ќе се полесни ани тие што се со еден збор да се дополни
тие со по 2-3 празни линии, да молиме Бога дека нема да ги има многу, барем ко до лани во едно дело само.. мислам доволно е
Дополнување се оние каде што треба ЕДЕН до ДВА ЗБОРА да се допишат.. Тие со по 2-3 празни линии се наречени целосни одговори
I get it! Е сега, овие што се 2-3 празни линии треба да е целосен одговорот? Spoiler Пример прашање: На кој период му припаѓа делото „Пеколот“? Пример одговор: Делото Пеколот припаѓа на ренесансата. (ваков одговор )? Ако не е целосен не се признава? Идиот сум, знам!