Еве што пишува при почетокот на секој тест: И во тестот и во листот за одговори пишувај исклучиво со пенкало и со кирилско писмо. Одговорите на задачите напишани со молив се вреднуваат со нула (0) поени.
А секако некоја ќе ја дознае, ама тука веќе доаѓа на сцена најчесто добро скриената особина себичност.
Под исклучиво со пенкало и со кирилско писмо. се мисли да не биде латиница. Инаку и печатно и ракописно може да биде кирилско.
Женски, каде ги пишува правилата што е дозволено, а што не е дозволено да носиме со нас на испитот? Ај ако знае некоја нека стави линк тука. Смислив нешто.
Јас до сега го гледав тестот до 2008 и во глобала лесен е. Дај боже прашањата со дополнување да ги има само во едно дело, зошто многу ми се збунувачки
Мене уште нашава литература ми остана. И готово,али немам сила ни за тоа - . - Иначе луѓе,делава за романтизам се 100% така? ( За есејот) Мислам,неможе да се случи да ни ги сменат, и да ни ги ставам како примероци извадени - пример и прашања за нив? Не би требало нели?
Дозволено е вода (горска, изворска, ладна, газирана, негазирана, било каква) А што смисли? Дефинитивно е романтизам. http://www.matura.gov.mk/documents.aspx ... dtQQpiV3o= тука отвори каде што пиши Информација за тестовите од задолжителните испити и првиот документ спуштиго. Убаво пишува дека е романтизам, а што поточно не се знае.
девојки јас нешто слушнав дека се шпекулира дека може да се падне тестот од 2008, него го нема на интернет, тргнат е. Не ми се верува баш во тоа, ама вие сте слушнале нешто такво?