Па, ако пишува дека не е дозволено телефон и скрипти, сакав да видам како точно е напишано, бидејќи можеби има некоја дупка во напишаното, па апарат не се вклопува во работите кои не смеат да се носат. Така би можела да сликам нешто и ако имам нешто нејасно да си видам. Ама ако е напишано само што е дозволено, тогаш ништо од бизнисот.
Многу сте ми интересни за читање. Ме фаќа носталгија дури, ех, колку луѓе утешив денес. А иначе лани една моја школска носеше чоколадо на полагање. Кога се разропа таму, па тоа пустото со лешници... Сега јесте, носете си водичка, сокче, нешто ситно, сникерс или што ти знам. Ама немој да се задигате со Милка од 199 денари, од тие долгите, да изнапишете се внатре, реферати, па да треба цело чоколадо да го изедете за да си го видите до крај напишаното. Ќе ви се слоши на жешково, а и тие таму надледувачите не пијат нафта. И немојте да навлегувате во дупки во закони и слично, да барате цаки, зш може да ве зафркнат фино лепо ако сакаат.
Хахахаха, нормално. Се е до надгледувачот. Ако се погоди добар, ќе си препишуваме, ако не здравје. Но, мене ме мрзи да учам сега, т.е да пишам есеј и си правам филмови.
Ако може јас ќе си земам, ќе шлакам за инает, да видам дали ќе ми речат дека се џвака со затворена уста хахахааха
Мене многу ме фаќа страв. Може до сега 4-5 пати го имам поминато материјалот и не знам што да правам сега. Ова чекањево многу ме нервира.
Море, ни повторвам поќе ни ништо. Толку од мене Утре сабајлечки, онака со максимална доза на концентрација ќе си напишам убав вовед за романтизам и отприлика ќе си испланирам во главата кои аргументи ќе ги пишам во главниот дел. Друго ништо. Мразам да пишам есеј, а да не ја знам точната тема, пошто искрено, од правец романтизам можат да се извлечат 10000000 наслови. И се надевам дека ова позитивно ноншалантно расположение ќе ме држи до сабота
Моите соученици од клас моментално дискутираат дека Скопјани веќе го знаеле тестот !? Демек, бил пробиен again. Ај нека се јават Плавуша и остали скопски хакерки на рецепција ?
Е да бе некој да тегне чоколадо и ја да го глеам и тестот лиги да го напраам, не е фер према другарчињатаааа а замислете за мљацка?! Мишела јас не знам ништо јас им кажував на другаркиве дека прочитав дека Битолчани знаеле нешто и они одма бараат другари и другарки од Битола
Јас почнав и прирачникот да му ја гризам корицата од неспокој на душава што си имам. Плавуша, па и ти ќе си земеш благо, а некој така фора да ти прави
Луѓе да ви кажам право ќе се збрлам до сабота до 10 сато, сите различно кажват, само различни информации слушам од сите страни У ку*ац веќе шо биди нека биди, мамето нивно
Лагиии се лагии нас ни викат дека вие знајте безобразни, иначе се зафркавам бе, не сум до толку да шлакам со чоколадото, не е културно
Чекајте, како го знаеле? Нели тестовите ќе се достават во сабота, 2-3 часа пред полагање. Јас мислам дека тоа се шпекулации.