Ако не цел фрижидер да си земеме бе што Ајдеее,прееска Битолчани знаеле за тестот, сеа Скопјани Па ако знае некој нека каже Ама мислам нема таков
Ајде 24-часовен молк пред полагање Освен, ако некој ги дознае насловите за есеите или го хакне цел тест, па да сподели
Тоа во писмена форма, а во компјутер сигурно веќе го имаат или на нивна страна само за нив на нет, не знам... ајде да дознаеме!
Нема шански да се осуди некој мислам оваа година да изврши такво нешто. Можно е преку посебна програма да се најде локација и да се види од каде е хакнато
Ај едно сосема шеснаесто прашање.. Потврдата за пријавување, да не треба случајно да ја носиме на полагањето? -.^
Баш кажуваа дека оваа година нема шанси да се хакне бидејќи две години по ред го хакнуваат тестот еден ден пред матура. Се се тоа шпекулации, но се мислам дека нема да го дознаеме тестот.
И да се најде хакер, ќе си ја задржи за себе информацијата. Барем јас така мислам. Инаку доста е логично темата да биде нешто споредба меѓу Пушкиновиот Евгениј Онегин и Бајроновиот Чајлд Харолд. И двата ликови се разочарани од дотогашниот живот од кој излезот го бараат во бегањето од реалноста. За ова знаете колку има да се пишува и филозофира? Ехеее.. А можно е да ја вклучат и „Гарванот“, бидејќи и во оваа песна и во делото на Пушкин имаме идеализирана жена. Што мислите вие? Може пак и за македонски романтизам на крај да излезе темата
Нам ни дадоа две копии од пријавите - едната ја предадовме, а другата остана кај нас и ни кажаа да си ја носиме за секој случај. Јас мислам дека мојата ја изгубив и се молам да не ја бараат.
Дечки да ви одговорам на сите кои ми пишувате во лп за учебникот во пдф формат. Јас до вечерва нема да можам да ви го пратам , ако ви се чека до утре во ред ако не, барајте го од TeaB вчера вечер нејзе и го пратив . а имам друго прашање: ако треба да препишеме цел стих од дадена песна во одговорот или цела реченица , дали треба да бидат во наводници напишани или како треба ?