Јас мислам дека ако пишуваме само за едното дело во есејот нема потреба да потенцираме од каде се цитатите, пошто се подразбира. Ако ни дадат да бираме и/или, јас ќе пишувам само за Чајлд Харолд, онај Онегиновски ич го неќам
Не. Мислам дека така би изгледало глупо малку. Ќе го склопиш авторот на цитатот некако во текстот. Можеш да кажеш на пр. Бајроновиот јунак бил разочаран од состојбата во Шпанија што може да се потврди преку следниве стихови „....“. Такво нешто. Или ако цитираш некој друг автор ќе напишеш дека тој и тој така гледал на тоа и тоа.. Сфаќаш? Ке се надоврзеш некако, никако да го одделуваш со - цитатот од авторот. Инаку, во 2008 ми се чини слободната тема беше цитат од Мајка Тереза. Дај боже пак да ни дадат некој цитат. Барем тие не се за фрлање и има многу да се размислува и пишува за било кој цитат.
Абе и јас тие цитатите ич ги неќам, ама професорката моја не советуваше да пишуваме цитати бидејќи тие се најсилни факти коишто можиш да ги дадеш во есејот.
Колку ми е напнато деновиве со оваа МАТУРА. Дај бе дали ќе и текне еднаш засекогаш да заврши? Цела недела немам направено некој муабет а да не е поврзан со неа!
На кајгана прочитав дека слободната ќе бидела нешто за Екологија. А и дека некои извадоци ќе имало од делата во 4та година, сега на крајот што ги работевме. (Секакви глупости се изначитав, да не знае човек во што да верува )
Фармацевтска технологија? Кај нас никој не зема ф.т. Над 90% се ф. хемија, а многу малку фармакогнозија.
Ај јас пак со македонски да подосадвам Значи есејот треба да има вовед, главен дел и заклучок,ги започнуваме два прсти понапред тоа знаеме. Е сега, главниот дел го делиме или на два или на три параграфи, зависи од нас.А секој параграф од главниот дел се пишува два прсти понапред или само почетокот на главниот дел?
Не мора да се дели главниот на 3 дела, зашто пишува таму да напишеме текст, не есеј. А, ако веќе го делеш да бидат и деловите вовлечени. А инаку треба и вовед и заклучок и главен дел вовлечени.