Абе какви 8 места што си израчунала тоа нема врска ...... Има резултати ама само колку бодови имаат сите ..... не пишува ни кој на кој смер е запишан за да знаеш што и како и дали си влегла ....... едноставно само можеш да видиш колку души имаат повеќе бодови од тебе, а кај се запишани не се знае и затоа не можеш да кажеш дека не си влегла. Официјално се даваат на 26, ама бидејќи рекоа на 23 за бодовите а ги извадија вчера може и тоа да биде порано ....... секако другата недела ќе знаеме
јас се запишав на Универзитетот на Југоисточна Европа-штулов во тетово, смер бизнис и администрација, се надевам на стипеднија, ако добро го напишам приемниот испит
фала, ама ќе видам на 31 август што ке направам, важно ова цело лето во учење ми помина-барем да ми се исплати и да си земам стипендија Иначе ви посакувам на сите во форумов да влезете во државна квота и не се секирајте повеќе, сите имате добри поени
Да, стварно неможеш да видиш дали си влегол или не во смерот сега... Јас мислам на 23 дека ке има прелиминарни во смисла сите распоредени и ако има приговори конечни на 26.... Бидејќи пишува ако има грешки во пресметка до денес до 12 приговор... така да верувам дека во понеделник ке имаме прелиминарни листи за примени кој каде во каква квота...
Абе нема теорија уште од сега да знаеш кој, како и дали е примен бидејќи не се знае кој каде е запишан. Само бодовите ги знаеме а си ги знаевме и претходно така да овие резултатите да ви кажам барем мене ништо не ми менуваат ..... Инаку има 5 души со 100 бодови (стварно не ми е јасно како ги добиле, бидејќи тоа би значело дека мак и мат или анг се им било точно т.е. имаат 100 % ранг по 2та предмета стварно е за ) и тие ќе ги фатат стипендиите. А другиве се просечни мада мислам дека ќе има место за сите, ако не државна, приватна секако и нема некој над 85 бода да не влезе, тоа се гледа по самите резултати. И рекоа нели на 23 бодовите, а на 26 целосно кој каде се запишал, дали го примиле итн ..... ама сега ги дадоа порано овие бодовите па изгледа ќе треба да се проверува секој ден за некои новости ако има ....... такаааа
јас аплицирав за на е-бизнис па ќе видиме се надевам на добри резултати само ме збунува тоа што веднаш ги објавија резултатите од средниот успех ..Во конкурсот пишуваше на 23 а сега кога ќе ни кажат конечно за на кој смер сме примени...??
Само одиш на страната на факултетот,и би требало да има истакнато резултати..Е сега зависи,нема на секој факултет! Провери,види...
не сум скопје за да појдам и да видам кај сум шо сум затоа чекам на веб странава од економски али нема
Да,јас барем видов..И примена сум на е бизнис,државна квота! И многу сум среќна! Ајде и вие пофалете ми се...