Добро утро утрата ни почнуваат тука, тука ни заминуваат и ноќите Е браво де вака да учевме се ќе научевме, но ако во книгите не наоѓаме утеха тука сигурно си се утешиме
А јас да ве прашам уште нешто Во заклучокот од есејот дали пишавте нешто во врска со романтизмот или пак повеќе свои зборови, јас романтизмот го употребив само во воведот..
ја мислам не треба дефиниции од граматика, а и не треба за романтизам у заклучок....а знае некој какви са тие акцентски целости со проклитика/енклитика
Со енклитика ти е на пр: татко ми - ми е после полнозначниот збор во овој случај татко, а проклитика е на пр: им го дале- им го се пред полнозначниот збор дале
Луѓе, каков е по жанр романот Црно семе? Во прирачникот не пишува... Веројатно е историски. Вие што мислите? Инаку, еве ги тестовите од 2008, кои ги нема на официјалната страна на Матура http://old.orcenikolov.edu.mk/index.php ... &Itemid=81
оф извинете ме народе со овие мои прашања но утрово некако ќудно ми изгледа изгледа цел ден ќе си го поминам на Фемина, да ве прашам дали пишувавте во есејот за Пушкин и Бајрон, или само спомнавте дека се претставници на романтизмот
Знаете ли со кој сте во група и во која училница полагате. Или и кај вас како кај нас списокот се држи во тајна и ќе биде објавен утре пред полагањето?
Готов е списокот кај нас , знам каде и со кого полагам Ај уште еднаш да прашам, има некое чупенце тука од Прилеп ?
во ни еден тест до сега не сретнав прашања за фразелогизми, а ги има во програмата. обрнавте ли посебно внимание на нив?
Ајде некој доброволец да ми направи разлика меѓу персонификација и метафора зошто многу ми се исти некако.
персонификација е кога на предметите, појавите, животните, растенијата им се даваат човечки особини. метафора е скратена споредба, не се кажува со што се споредува туку се искажува вториот член на споредбата. Мене ми се овие сосем различни, не знам како ти се исти
Персонификација е давање на живи особини на неживи нешта. Пр. Сонцето се капи во бистрите води. (Може ли сонцето да се капи? Не.) Метафора е исто како компарација само без тоа „како“ или преносно го искажуваме тоа што не сакаме да го кажеме директно. Пр. Очи и - бистри кладенци (Значи само е изоставено како, но очите се споредени со бистри кладенци. Тоа е метафора.) Се надевав помогнав.