ДЕВОЈКИИИИИИИ Вакаа неможам да бидам 100% сигурна,но информацијата ја добив од ученичка која има врскаа со оние кои ја прават матурата..значи есејот ќе бил на тема Романтичарските белези на Пушкин и Бајрон,а слободната тема - На крајот од тунелот секогаш има светлина Па се надевам дека ќе се тие..матурата ќе била слична на таа од 2008 год
Немој да зафркаваш, колку е сигурна другарка ти? И кога ја дознала информацијава, ако е таа слободната тема ептен ме израдува, а што ако не е таа?
^ Го нема во прирачникот кај мене мислам. Инаку, една информација, ми кажаа дека изворите биле сигурни, мене искрено вера не ме фаќа баш, ама девојчево има врскички од таму од ваму по Скопјето, па ништо чудно и да е така. Темата за есејот ќе била Романтичарските белези на Пушкин и Бајрон, а слободната, На крајот од тунелот секогаш има светлина. Тестот ќе бил многу сличен со тој од 2008. Толку, не одговарам за можните последици ако случајно не се овие темите, така ми пренесоа.
Епа ја ќе си спрема еден есеј на оваа тема за секој случај, ќе се вооружа со убај епитети. Само не ми е баш верно, не знам дали да верувам во информацииве или не Којзнае што ќе биде по форуми ноќеска, погаѓања, претпоставки, информации, да не знаеш попрво во што да веруваш и што да читаш.
Леле ако е таа тема за романтизом јас сум пресреќна Иначе Лукс Парадоксот го нема во програмата ама мене ми е учен. Мислам дека штета е што го нема во програмата.
^ милион посто. Јас сум во училница со 3 другарки со кои си живеам многу убаво. Ова по македонски, а по англиски не знам. Инаку дечки ако е вистина ова што го пишувате тогаш и двете теми се одлични, ќе подготвам есеј за романтизмот, сепак, не ме многу бива за филозофирање. Ќе ги извежбам добро прашањата од 2008 и оние од блогот по македонски јазик. Дај Боже да сте во право. Теа, лани немаше, нема ни оваа година да има. Зар не ве информираат професорите?
^ Ади и мене така ми пренесоа, можно е да е точно. Најверојатно е точна информацијата дека ќе биде сличен тестот со тој од 2008, мислам, не да биде потполно ист, ама основата ќе биде таа. А за темите, слободната ако е таа е многу полесна. Па зошто да ја тупам со романтизмот, кога може да си филувам вака како сакам. Ќе напишам два пробни после за секој случај. И аман, од лани нема веќе молби, жалби, биографии, автобиографии. Немаме и ние.
^ да е оваја кефој ќе бидам ако се падни таја, преуба ми е темата нзам и шо да пишам, а ова информација се рашири низ скопје??
Хмм... Интересно ќе е ако е оваа за романтизам. Јас ќе си пишував посекако за овие, ама ова е веќе прекрасно. ах дај боже да е вистина
И ако има некои измени напишете ги тука ќе ве молам, и ако нешто дополнително дознаете пишете. А ќе може некоја да ми ги најде одговорите од овие прашања на блогов, се утепав барајќи.? http://makedonskijazikiliteratura.blogs ... -post.html