AAAAAAAAAAAAAAAAAAAAAAAAAAAAAAAAAAAAAAA, aма ме радува оваа инфомација, и есејот кој ја сама си го напишав ми е на таа тема. Хаха Иначе јас сум во училница заедно со моите 2 најдобри другарки. Само уште надгледувачот да ни се погоди, да не остави да си кажуваме и ќе немаме гајле.
Малце глупо ми звучи темава Романтичарските белези на Пушкин и Бајрон белезите на авторите ли Глупо е составен насловот ако е оваа стварно. Во секој случај ќе си се спремам на темава, па што биде нека биде
А за што отприлика пишуваше во главниот и завршниот дел? Мене оваа тема не ми се свиѓа, повеќе сакав за ликови да биде.
Па, зошто толку ограничени размислувања? Романтичарските белези во делата се превознаваат преку постапките на ликовите. Значи во Евгениј Онегин ги имаме Татјана која е типичен пример за идеализирана руска жена која е одгледана во духот на фолклорот и традициите. Еве ти романтичарски белег. Друг романтичарски белег ти е досадата и незадоволството од животот кој Евгениј Онегин го живеел. Типичен романтичар ти е Ленски, кој се предава на љубовта и ја воспева природата и нејзините убавини. Кај Бајрон го имаш Чајлд Харолд кој пасивно, но сепак се бори против неправдата, одбива да живее во сегашноста и постојано гледа кон минатото ... и ај да не продолжам цел есеј ќе изнапишам
Па мислам на одговорите. Да набубаме се’ од тесто од 2008 и од оној од блогот. Ади ,знам, не мора цинично да се однесуваш.
Главниот дел ми е поопшт за романтизмов, ама стилот не пишување не ми премногу стручен, туку повеќе уметнички.. Не знам дали ме разбра, ама битно е дека ми е поопшт. Потоа пишувам за Бајрон и Чајлд Харолд, го надоврзувам него со Пушкин и Онегин, бидејќи нели Бајрон влијаел врз Пушкин. Во главниот дел последно пишувам за Татјана, како белег на романтизмот односно култот кон жената. И завршниот ми е некаде околу 4 реда, спомнувам зошто е значен романтизмот. Така.
Дечки сума сумарум последниот ден сфатив дека врска немам за енклитика и проклитика. А нема во мојата скрипта ништо! И нема за предминато и императив, па ако може некој да ми објасне
Ма нема врска, ние знаеме дека тестот ќе е сличен, а не ист. А можи ни врска нема да има со него. Хаха Живи били, па видели утре
Леле сега ми текна дека мене не ми се јасни како се определуваат оние забновенечни, венечни и уснени ај која им е цаката некој нека ми објасни плс. Не ги сфаќам, во прирачникон не ми се убаво објаснети. Да им се плукнам...