Што? = подарок, директен предмет + тоа И-то (со надреден знак се пишува), е кратка заменска форма за индиректен предмет. Кого, во случајов за кого = за бебето предлошки предмет. Еве ги тритe предмети.
И јас исто за чудо некое сум ептен смирена, иако пола прирачник ми е само поминат... Сепак имам некое претчувство дека ќе бидат лесни
Не. Дијасистем се сите дијалекти во јазикот. А наречја се групи од дијалекти со слични карактеритики (на пр: источно наречје.)
Јас веќе не можам ниту да читам од прирачникот. Ми се смачи. Сакам да помине тестот и да се сконцентрирам на тоа што ме чека во вторник. Да ти се сневиди и матура и све по списак.
Хахаха, абе не се нервирајте толку, кога ќе полагаш и кога ќе ти ја дадат темата сакаш-неќеш ќе пишуваш... Знам дека сега ви е многу тешко и имате трема и сите тие работи, али утре кога ќе влезете да полагате сите тие работи ќе ги оставете на страна. Не е толку страшно како што сите го замислуваат
јас мислам дека најдобро е да земеш и да си пишуваш есејот на слободна тема зошто во него ќе можеш слободно да се изразуваш да пишуваш ти тоа што сакаш , додека пак ако пишуваш за романтизмот има можност да ти бидат одземувани поени во зависнот од тоа што ќе наведеш, зошто на пример ти можеш да напишаш енкои работи што сметаш дека се важни а некои други да испуштиш што пак тие што прегледуваат сметаат дека се битни и треба да бидат наведени и така мислам дека ќе бидат одземувфани поени
Девојки извинете ако претходно го има поставувано прашањето ама ме интересира како се бројат зборовите од есејот, на пример ако имам спомнето „Странствувањето на Чајлд Харолд“ ќе се брои како 1 збор или 4? Или бревите, датите??