Како четири збора се брои тоа. А броевите на пример ако имаш датуам на пр. 24.09.2012- се брои како 3 збора(ден, месец и година).
Пример бр.1 Напиши текст на тема: „Луѓето не се гладни само за леб, туку и за љубов и за внимание“ Текстот треба да има 300-350 збора. Во текстот: - искажи го своето мислење преку конкретни ставови поткрепени со аргументи, почитувајќи ги правилата на стандардниот јазик; - почитувај ги правилата за обликување на композиција (вовед, главен дел/разработка на проблемот или темата, заклучок) т.е. параграфско средување на текстот; - опфати го предвидениот број зборови; - искажувај се со јасни и поврзани мисли, користи аргументи,
Добро, значи од 300 до 500, јас го копирав примерот од страната за матура, ама подолу имаше и објаснение за писмо. Има некој да пишува за слободната тема и ако веќе напишал како почнува? Мислам на онаа тема за на крајот од тунелот секогаш има светлина, ја напиша некој и што пишува во главниот дел? дозволено е да се филозофира за животот така? зошто се натака ме води.
Уште нешто да прашам.. која е разликата меѓу лик- раскажувач и персонален раскажувач. Лик-раскажувач е во прво лице и раскажува некој лик од делото .. тоа ми е јасно, сезнаечки и сеприсутен е во трето лице, а персонален нели е слично на овие или ? А имаше и прашање дали извадокот е општонародна лексика, разговорна лексика и уште нешто.. епа разговорна лексика е подвид на општонародна , малку е двосмислено или мене така ми се чини .
слободната тема која е дадена како пример http://www.femina.mk/out/?id=c688ccef89 ... donski.PDF не е оделувана во вовед,главен дел и заклучок-грешка е нели?
Задача бр. 21 Се пишува текст на тема: Гледајќи кон напред,да ја изградиме иднината Или Претставувањето на општеството во книжевните дела од реалистичката епоха (делата на Достоевски и/или Балзак Текст од 350 -500 Не се одземаат поени ако текстот има: 300-550 збора Се одзема 1 поен од критериум композиција ако текстот има: 290-560 збора Текстот не се прегледува доколку има помалку од 290 збора односно повеќе од 560 - Во вкупниот број на зборови не се бројат зборовите од насловот. - Датумите се бројат по еден збор за ден, месец, година. (пример – 16 06.2010 има 3 збора) Ете точно како треба
Не знам зошто ги поставувате истите прашања по 100-ти пат. Изгледа од возбуда и стрес хахаха значи ќе може да се избира од двете теми, не е дозволено носење на мобилни во џебовите и во есејот ќе пишува колку збора треба
^ Mене ме интересира тоа за мобилните. Ќе прават претрес низ џебови? Јас планирав да си земам два, еден да оставам таму, а другиот во мене. Не дека планирам да препишувам, ама за секој случај, да ми се најде ако не дај Боже имам потреба.
Јас не ризикувам, лани кај нас имало некоја така што си го чувала и тестаторката ја пријавила дека не ги почитува правилата и паднала... Ако носиш биди многу внимателна, исто не би те советувала во ВЦ да го оставиш зошто може некој служител/ка да си го земе