Не верувам и јас да претресуваат, ти сепак нема да го вадиш пред нив да го гледа некој, ќе го оставиш в џеб во некои поширочки пантолони или со подолга кошулка и ако сакаш нешто да правиш со моб. ќе одиш во вц а не пред сите .
А може да ми одземаат бодови зато што к ја пишам малку повисока од едната страна? Како латинична ја пишам
Темите од кога ќе одбереме за што сакаме да пишуваме тогаш ли ни ги кажуваат на пр. они ти понудуваат романтизам и слободна од кога ќе одбереш романтизам соопштуваат што е темата или ке ти кажат таа и таа тема од романтизам и таа и таа тема од слободна па ти бирај?
Девојки последните шпекулации велат дека прашањата ќе биле и од пилот матурата 2006, во некои градови од земјава овие информации дури биле и потврдени (барем така ми кажаа), и дека насловите ќе се тие што ги пишаа погоре во темава, сега останува ако некој ја има пилот матурата од 2006 г. да ја сподели.
Ау , се разочарав.Вгодина државната матура ке биде со камери следена , и ке има блокатори на мобилни.Така да , нишо ке неможе да се препише...Па затоа уште годинава дур можете снајдете се ,препишете
Јас си ги оставив во ташна, на таа клупата кај што треба да си ги оставиме стварите, ни рече исклучете си ги мобилните пред да седнете таа што не чуваше. Малце ми беше ко муле таа, па еден си го носеше телефонот во џеб нешто дали порака пишуваше или не знам, абе зависи од чоекот што те чува. Има некои ко гаврани се во очите, буљаат на сите страни, некои ќе зјапаат некое време, па после ко во нирвана да се ќе блејат во една точка. Само пази тие од министерство кога шетаат ко џандари, они мама си еб*ле, глумат лудило!
Наводно во Штип, Битола и Струга дел од професорите по мак. јазик ги потврдиле овие информации, а за по сигурно ќе се знаело вечер по 20 часот. Како и да е, кај што има чад има и оган, така да нешто од се ова што се пишува е точно.. Не?
Тестовите од 2008 година се повторно ставени на странат, ги нема тестовите македонски јазик од пилот матурата 2006.
Има само пилот матура по англиски и математика, ама во тестот математика има многу работи кои се исфрлени од овогодинешниов тест, така да, не верувам да биде така барем за математика. А со оглед на тоа што македонски е тргнат, можно е да има „крадено“ и од прашањата од тој тест. Инаку, мислам дека доволно паничевме, прашањата ќе си бидат слични како лани, предлани, мислам - материјалот е тој, прашањата погодни за манипулација од различни прашања се тие... Ќе биде во ред. А и што ни вреди ако го добиеме тестот од 2006? Не ќе го дадат апла ист, или нема да го научиме на памет за утре одма на готовс да пишуваме. Чилекс.
Еве го 2006 https://docs.google.com/gview?url=http: ... true&pli=1 Само од тестот ми пратија линк а од клучот немам
Леле бе, само да помине, веќе ќе се побудалам. Кои информации се точни, кои не, глупости живи! Иначе, на друг форум ги имало тестовите од 2006. Мислам знаете за кој зборувам.
Луѓе, не обрнувајте внимание на вакви глупави шпекулации, само дополнително ќе не збунат И така сме под стрес па и ова ни фали Од 2008, 2006, бла бла... Гледајте повторете си го материјалот и опуштете се. Јас па ми се чини дека колку повеќе пати го повторив материјалот, толку повеќе работите ги заборавив