Го менувам мислењето дека се потешки и потешки тестови има. После ова од 2006, се ми стана јасно. Пууу скраја да е, уште овие фалат
Дечки убаво си пишува на страната од матура , кај што стои информација за екстерните испити дека : "Во интерес за успешна подготовка и реализација на матурскиот испит по македонски, албански и турски јазик и литература ве известуваме дека содржината на тестот по овие наставни предмети ќе биде иста како и претходната испитна сесија." и не знам зошто мешате вакви работи од 2006,2008 само уште повеќе се збунуваме самите.
и јас мислам дека тој тест од 2006 нема да биде, затоа што има материјал кој кај нас во програмата е тргнат
Тогаш кога беше оваа пробнава 2006 се зборуваше дека многу не ја положиле, па изгледа затоа од 2008 па наваму се полесни тестовите.
Моето мислење е дека од се што се шпекулира нешто сигурно ќе е вистина. Така да јас лично ќе ги пререшам овие два теста, ќе си го повторам уште еднаш материјалот, а есејот ми е научен. Ако „истече“ некаква информација, секако дека ќе ви пишам. Одам да се релаксирам малце сега, бидејќи мозокот ми е турлитава.
Дај боже да биде ама не е ист Сигурно се мисли за констункцијата на прашањата ,бидејќи забележав дека во ланските тестови од прашањата за граматика нема со дополнување,одговорање туку сите се со заокружување, што мислам дека е така далеку полесно , по пат на елиминација ќе се снајдиш некако отколку да пишуваш цел одговор.
Мислам дека не треба да паничиме толку многу. Нема шанси нас тој тест да ни го дадат, не сме црни овци. И плус на нив им оди во прилог да бидат полесни тестовите и поголеми резултати да има.
Се согласувам потполно. Тестот од 2006 е ужасен, дополнување има. Останува само да се тешиме дека всушност се ќе биде во ред
Темата што ја кажаа е романтизмот во делата на Пушкин и Бајрон. И сеа ке пишувате за романтизмот во сите нивни дела или само за онегин и чајлд?