хм мислам дека е попаметна работата да се спремаме за романтизам, посигурна е овие слободниве тешко дека ќе ги погодиме...
Мислам дека не се ставени на сајтот тестовите од причина што минативе години ја хакнува страната и ги учеа тестовите... затоа оваа година се чуваат во строга тајност и ќе бидат донесени во гимназиите два часа пред почетокот на полагањето, дури потоа ќе се стават на сајтот, кога ќе помине полагањето.
ako produzam ovaka kje se seknam ... inaku za romantizmot mislite li deka i za garvanot moze da bidi temata? harold, evgenij onegin i plus garvanot??/
Не можеш за јазик да се спремаш, ако знаеш знаеш од порано и од искуството со годините.... А материјал за англиски нема
Јас англиски ќе земам од другарка книгиче 50стр. имало објаснувања за сите есеи како се пишуваат па тоа ќе го учам за есеите, а за прашањата од целокупното знаење.
Јас вака,имам едно прашање за стилските фигури, ако можете и ако знаете да ми дадете пример за инверзија , асиндетон , Градација , Алергорја , Литота Само пример, со нигде неможам пример за нив да најдам
НЕ МИ Е ЈАСНО КАКО МОЖЕ ДА ИМА ГРЕШКИ ВО КЛУЧОТ ?? КАКО МОЖАТ ТАКВО НЕШТО ДА СИ ДОЗВОЛАТ! И ВО ТЕСТОВИТЕ ПО АНГЛИСКИ СО ПРОФЕСОРКАТА ЗАБЕЛЕЖАВМЕ А ЕВЕ И СЕГА ВО КЛУЧОТ ОД 2006 СЕ БАРААТ БЕЛЕЗИ НА РЕНЕСАНСА А ВО ОДГОВОРОТ СТОЈАТ БЕЛЕЗИТЕ НА РОМАНТИЗАМ !О Ч А Ј
Инверзија пример сладолед сакам да јадам, а треба сакам да јадам сладолед Асиндетон е кога не се користат сврзници гледаше, сакаше, бакнуваше Градација е искажување чувства на пример те сакам секој ден се повеќе и повеќе Алегорија- басните се алегорични Литота спротивно од хипербола, значи нешто намалено и се кажува со такви чувства
Јас англиски не планирам нешто посебно да учам, туку само ќе повторам како се пишуваат есеите и писмата. Мене само едно нешто не ми е јасно, како за есеј со 5-6 параграфи во кои треба да опфатиме повеќе тези и да ги поткрепиме со аргументи и примери ќе ни бидат доволни 140-180 збора? Инаку, една другарка денес била до школо и ми кажа во која училница ќе бидам и најверојатно нема да бидам со никој од мој клас. Ама тоа не е токлу лошо затоа што барем знам дека нема да ме замараат.
Денес видов со кој полагам во иста просторија, искрено сум разочарана, екипата не ми е воопшто погодена Така да ќе се потпрам само на своето знаење.
Имам едно прашање, ако пишува каков жанр е делото, тогаш се мисли на роман, песна, драма и сл. или на трагедија, комедија и сл. ?
Ако отстапува за повеќе или помалку од 20 збора не ти го прегледуваат. Таму секако ќе смениш нешто, па ваљда ќе пополниш
Прашував бидејќи од лани има едно прашање каков жанр е „Чичко Горио“, и одговорот е роман, па решив да се водам по таа логика ако има вакво прашање. (Малце не ми беше јасно. )