а примерот „не давај му“(глуп израз ) што преѓе праша некој тука, шо е? Проклитика или енклитика? Некој пиша енклитика- ЗОШТО?
Значи она Билјана на клада ќе гори како можи да изостави стилски фигури? пладневната ѕвезда гори е ова е пример за перифраза
Перифраза е тропа на исказот, во која се користат вишок на зборови при опис на нешто, што може да се искаже со многу помалку зборови. На пример „небо“, - „азурниот свод“. Или наместо да се каже „Умре“, често се вели „Отиде на другиот свет“ и сл
И јас не знам зошто толку се притресувате толку со тие стилски средства. Само најважните се потребни.
Мислам дека сега фали прашање некој да праша дали утре стварно полагаме? И јас на тоа се збунив за енклитика кога пиша некој назад. Мислам дека се мислеше таму на проклитика? И да стварно,тие посложените стилски фигури нема да ги има. Оние основните и повеќето што сме ги среќавале низ песни и дела.
Абе да знаев, арно ќе беше. Од википедија е иначе примерот. И убаво кажа старбакс, ако даваат нема толку тешки да бидат. Може да се падне епитет, компарација, персонификација, анафора,епифора, реторско прашање- вака поедноставни некој.
Ви пуштам среќна на сите кои полагате утре,без трема и да пишете утре овде дека сте задоволни од напишаното
епа водена од ова проклитика - од мене енклитика - мајка ми тогаш тоќно е тоа, тоа му е на крај што значи е енклитика..
аааа грешка, пардон, не го видов тоа не.. акцентска целост ке биде... не дАвај му ќе биде акцентот... целост фор шр, дилемата е решена. ја ќе полудам веќе, отидов малку да поучам на маса сама, па ќе се вратам пак да се читкаме
Инаку колку пати еден ист збор смее да се повторува? И дали овие честиците и сврзиците смеат да се повторуваат повеќе од неколку пати
Мене ова ми е лесно. Гледајте според начинот на изговарање. Кога изговараш не давај му приметуваш дека тоа давај му некако при изговарањето изгледа како еден збор па тоа значи дека е енклитика.Да беше така со првиот збор ќе беше проклитика. Незнам дали стварно така се проверува дали е енклитика или проклитика ама ја секогаш така правам и точно ми испаѓа