лелеее, па колку сакаш...сега сигурно нема во две реченици исто па исто да кажуваш, стилски побогато само треба да биди
ами јас сега ако пишувам за Чајлд Харолд како да не му го спомнам името повеќе од 3 пати? само да не изгледа како прваче да го пишувал инаку мислам дека можи колку сакаш
Сериозна сум, ние цело време македонски јазик се спремаме да не употребуваме исти зборови повеќе пати. Истото и англиски . Среќа што прашав
Не е точно. Еуфемизам е ублажување на злото а литота кога потврдна реченица ја пишуваш во негативна. Пример. Ќе ти биде добро таму, литота - Нема да ти биде лошо таму.
Добро, што толку за глупости сте се фатиле, во ниту еден тест нема толку сложени прашања баш во овој нашиов ќе се паднат, енклитика незнам што, дрн дрн јариња
WTF? Нема да има вакви работи. Се се сведува на епитети, метафори, компарации, словенски антитези, реторски прашања и звучните асонанца, алитерација. Можно е да има ономатопеја или пак симбол/контраст, некој оксиморон кај Миладинов.. и тоа е тоа. А, можно е да се сретне и некоја анафора, епифора или симплоха. Како и персонификација или хипербола. Ама овие се ептен основни, верувам сите ги знаеме.
Значи секоја год. тестот е се полесен и полесен. Сигурно нема такви сложени прашања да има ПоБогу, со свашта се замарате и преоптеретувате.
Луѓе а есејот за романтизам ако се падне овој ќе пишувате наизменично или прво за едниот па другиот ?
Па ќе ги поврзам делата, со оглед на тоа што и двете се од романтизам и ликовите иако се стремат кон различни нешта во основа се слични по карактер.
Дали ќе го земат во предвид тоа што сме излегле на пауза ,во вц бидејќи нели ако излезиш ќе ти го пишат тоа на тестот ?