Мораат да запишат за да знаат дали сме ги искористиле двете паузи,а не би требало да го земаат во предвид па тоа е нормално 4 часа се во прашање
Епа затоа не бев сигурна , сигурно барем еднаш ќе треба да појдеш до вц а и да немаш потреба барем ќе станеш , да се раздвижиш малце после толку време седење.Па да не му текни нешто да намалуваат од бодовите заради тоа .
Литота ви е спротивно од хипербола. Односно се користи за намалување на некои особини. пр: Го истресе како прашинка (се мисли на тоа дека бил многу лесен)
Утре ова време ќе се смееме на тестот. Џабе толку се тресеме, лесен ќе биде. А, и покрај ова учење, како да не биде лесен.
Ќе видите кога ќе ви го дадат тестон дека ќе се осеќате ко ретардирани, затоа што е прелесен дури и за оние што се неписмени, а не па за сите нас што се убиваме од учење!
Се согласувам со тебе. Прелесен ќе биде и сами видовме дека од година во година тестовите се се полесни и полесни
Анафората е фонетско-морфолошка фигура бидејќи се повторуваат цели зборови на почетокот од стихот. Бидејќи често се повторуваат повеќе зборови, односно делови од реченица, овие фигури (анафората, епифората, симплохата и палелогијата) приклонуваат кон синтаксичките фигури (или фигури на конструкцијата). Лист по лист кини, лист по лист нижи, лист по лист превртуј, притискај, лист по лист милно, таговно реди... (Тутуноберачите - Кочо Рацин) Епифората е фигура во која се повторуваат зборовите на крајот од стихот. Над мене сив облак и сива орлица се договараат за нешто, а јас мислам дека кај тебе ме потскажуваат, Дениција. Оти дошто видов кула и пладневна топола беа како твојата става, Дениција. Дошто сретнав омарнина и жито во движење беа како твојата коса, Дениција. Дошто открив сончоглед и светла пушкарница беа како твоите очи, Дениција. Дошто сретнав залез, дошто пресеков лубеница беа како твојата уста, Дениција... (Дениција - П.М. Андреевски) Еве цело ова ти го праќам прочитај го и јасно ќе ти стани
Aнафора ти е кога еден збор се повторува повеќе пати на почетокот на неколку стихови. Епифора е кога еден ист збор се повторува повеќе пати на крајот на неколку стихови.
Анафора е повторување на истите зборови на почетокот од стиховите.(најмалку 2 пати) Епифора е повторување на истите зборови на крајот од стиховите. (најмалку 2 пати) Девојки со среќа утре. Се надевам дека ќе биде прелесен тестот и дека за џабе сте се трескале од земја за некои комплицирани работи.
Па професорот ми рече дека не би требало до толку да испаднат безобразни и да ни даваат вакви прашања , зошто сепак полагаме матура што ни треба од општа култура а не примен за на факултет . Така да многу многу не му обрнав внимание јас
^ Да, досега ниту еднаш не се паднало, се се врткаат слични прашања, па ако и за нас е така, би требало лесно да ни е.
Дечки ви се молам не пишувајте толку сложени и помалку познати поими, ќе се разочарам дека ништо не знам и дека џабе сум учила. Не, озбилно од кај ги вадете тие поими.?
Лелеее бее треба ли да ги памтиме сите дела на авториве освен тие главните??? сеа си ги пишувам на ливче на страна демек за полесно да ги научам, ама тешкоо многууу се А глеам од тестовиве имало такво прашање да наброиш други дела од Шекспир освен Хамлет