Плавуша на истите прашања сме се мислеле Јас кај тоа за опис/раскажува кај Пиреј ставив опис Многу се мислев за ова,и раскажувањето ми идеше и описот. А глаголско именски заокружив јас незнам дали е точно Во заповедна пишав -ај и јте ќе ми признаат ли вака?
Јас само 1 прашање не напишаб,то естетика на грдото, во групата од 15 души, никој не го знаеше то , брат ми ми го кажа после полагањето, во глобала не беше тешко, требаше многу концентрација, и професорката нас ни се погоди, супер беше, ни помогна малку Едно гајле помалку, ми олесна
И јас исто така заокружив раскажување кај Пиреј. Бидејќи Јон раскажува цело време нели А за естетиката не напишав ништо, а ајде жити се во што се претвара тој албатросот во третата строфа? За тоа се мислев 3 саати !!
[quote="phoenix4235" да а во тестот точно заокружив а ваму погрешно [/quote] Бидејќи само шифрарникот се прегледува за тие кај што имате заокружување, не знам дали ќе ти ги признаат, зависи колку се замачкани.
е не се многу замачкани, се познава дека е бришено и избришана е и ознаката со црвено а точното ми е убо заокружено кога ќе го објават клучот?
Јас за злосторство и казна се збунив, ептен двосмислени прашања имаше. Од граматика мислам дека имам неточни, ама ептен малку. Пишував есеј за романтизам, точно 500 збора.
Во Албатрос, Езеро, Злосторство и казна мислам дека ми е се точно. Кај КПМ кажав последното, кај Пиреј не сум сигурна за Јон дали раскажува или опишува и дали тој или Дуко Вендија. Што мислите, ќе признаат ако имаме -ј,-и и -те зошто ја мислев се подразбира? Ако не, само од граматика ќе имам 3 сигурно грешни, а за едно не знам за заменката тој. Кога ќе го стават тестот на страницата за матура? Се молам да ми се точни 4, наместо 6. Се надевам не повеќе од тоа
Плавка, ТОЈ мислам беше лична заменка, заменката „ништо“ беше лично - предметна (ова ми го кажа соученикот пред мене, се исконсултиравме во последните две минутки), за заповеден начин ми беше многу двсмислено - јас ги напишав -ј за еднина и -јте за множина. Прирокот во реченицата чинам беше глаголско-именски, имаше форма од глаголот сум. Тоа со Јон исто збунувачко беше, јас напишав раскажување, па што е тоа е. Инаку, според стихот каква беше строфата на песната „Езеро“? Јас ставив хетерострофична, ама не сум баш сигурна дали ми е точно. И Првото заседание на АСНОМ беше на 2 август 1944? Уф, потешка беше од лани, мене ми беше слична со онаа од 2008, малку и од 2006, некако лани ептен лесно си пројдоа, нашиве прашања беа троа потешки, мислам - подвосмислени.
Епа штом точните ти се убаво заокружени, читачот нив ќе ги земе за точни, така да, 90% немаш потреба за нервоза.
Ааааа да да, што напишавте кај реченицата составната? Јас ги напишав само и по запирната негација не. И кај кој е предметот во таа сонцето срцето го... јас напишав срцето го. Ај кажете ми дека и ова ми е грешно.
а тоа каде што требаше сврзници да се напишат што напишавте јас напишав ниту, ниту а таа реченицата со срцето напишав со оган
Читам кај некои од вас препис имало а? Онака ептен, особено во последните клупи? Кај мене да ви кажам неможеше човек да се сврти а не па да изгестикулира нешто или да праша некој...препис никаков, ни од ливче ни од човек. Ептен беше страшно и тешко. Професорката ни беше од корчагин, ептен беше мила, срцка беше ама препис немаше воопшто.. Што се тиче прашања/одговори Албатросот ме уби во секој поглед.. Што претставува знае некој? ја треснав Риба поради тоа што збореше за брод, за тој кога лета е убав ваков таков, кога е на земја е грд незнам што таму..и ме потсети исто кога рибата е во вода каква е, и кога е на суво демек умира нешто ова она.. гледав ништо празно да не оставам па затоа пишував што највеќе ме влече, може ќе е точно За тоа опис или раскажување пишав опис. точно дали е незнам Тоа глаголско, именски, или глаголско-именски пишав глаголско-именски... Во Пиреј ја пишав Јон дека раскажува, дали е точно незнам За тоа множина како се образува треснав ј/те пример. Пишувајте! може ќе е точно
Што пишавте кај Бодлер на кој правец е претставник? Јас пишав симболизам , се признава ли? Ова за Јон пишав дека е раскажување. А, за реченицата `Ќе одам со вас на концерт`. Предлошки предмет е? За `Тој знаеше како да чекори низ животот` пишав лична,иако се мислев меѓу лична и показна. Инаку за -беше мислам дека е глаголски прирок. Во таа група стои во поделбава [/url]http://makedonskijazikiliteratura.blogspot.com/2010/12/blog-post.html
Јас пишав Благоја (или како беше името) не .... / ниту кажа збор за сликата (нез као беше... така мислам пишав. За тоа сонцето срцето, се мислев и на крај пишав срцето