реченицата требаше да биде и составна и негативна јас пишав Благоја ниту се насмевна, ниту кажа збор за сликата. вака како разделна ми звучи
Благоја НЕ се насмевна,НИТУ кажа збор за сликата така??? јеее Ќе одам со вас на концерт, мене таа што ме чуваше ми кажа дека е индиректна реч. А исто како нејм,за тоа напишав само срцето. А заменката во Ништо лошо не направив? Лошо?
Кај таа со Благоја, ставив ниту-ниту. Најлогично ми беше така. А кај таа со концертот, мене пологично ми беше дека станува збор за директен предмет. Не може тоа „на“ буквално како предлог да се сфати, како ќе дојде - дека оделе НА концертот одозгора? Смотана матура. а на таа реченицата „со оган“, јас го ставив само СО - пишуваше да се наведе зборот кој го означува предлошкиот предмет, па мене некако така ми дојде предлогот да го издвојам, мислам јасно е дека се однесува на зборот „оган“. Ќе да е точно? oh Ништо е заменката, лошо е придавка! (лично-предметна)
ја пишав така, не па ниту после..ама гледам можно и да е ниту-ниту албатрос е самиот поет????? ајдееее
Леле кај нас дечки каков тестатор ни се падна што да ви кажувам(да не испадне дека се фалам или сеа не знам што)ама вистината да си ја кажиме сеа колку и да не е правилна. Душа човек беше, не остај сите да испрепишиме и баш точно беше како некој што имаше напишано еден сат построго останато тимски рад. И така беше и сега гледам дека не беше ништо страшно, ама ТВРДАМ дека матурава не е никакво мерило на знаење ако секаде било вака. Имаше двосмислени прашања посебно тие во Пиреј и Злосторство и казна, што напишавте какво чувство го обзема Раскољников јад страв и уште едно беше ја заокружив јад. И во глобала не беше некоја тешка матура, ама си имаше двосмислни прашања. За текстовите за ваѓање двојка ич да не коментирам прелесни, ако тука некој згреши нека си се фрли од трети спрат. Есеј пишував за слободната тема и така, едно гајле помалку сега, уште англиски ми остана па другите два лесно е. Дај боже англиски да биде како на македонски. Инаку нека биде тимски рад и тестаторот погоден за другото ќе се погрижам.
И јас пишав дека албатрос е самиот поет. А што пишавте кај тоа какви реакции довело во општеството самото дело,ли..вака нешто беше прашањето?
^^^ Ја за тоа напишав дека тој се чувствувал дека никој не го сваќа и поради Цвеќиња на злото го уапсиле ЛЕле сеа глеам што сум трескала
негативни бурни реакции остри критики јас вака пишав АЈ БЕ СЕГА ПОМИНА, КЛУЧОТ КОГА ЌЕ ГО ИМА НА СТРАНАВА ТОГАШ СЕ ЌЕ ДОЗНАЕМЕ и јас му се молам на бога и сите светци тие преправаните да ми ги признаат и другите да ми се точни
и ја незнаев што да пишам, и се мислев што да треснам што да треснам и пишав предизвикало бурни реакции... така да ако биле на негативно реакциите (не биле позитивни) можеби и ќе ми го прифатат
Јас не сум задоволна, тестот беше тежок, за разлика од минатите години што биле тестовите. Иако се спремав сепак ми беше тежок. Не очекувам повеќе од 3. Ние бевме 7 деца во училница, и тестаторката многу не пазеше, не дозволуваше препишување.