Кај општеството ја напишав дека наишол на осуда од општеството вака некако и уште нешто допишав ама не ми текнува што.
Добро го знаеше ли некој прашањато за Шарл Бодлер.. нешто со естетиката беше?? кај нас никој не го знаеше.. јас пишав симболизам иако не е баш логички Инаку супер поминав.. само есејот мн ми одзема време, дур избројам тоа зборовите, па кратев дека над 500 ми испаднаа Лелее луѓее кај нас доста се препишуваше.. некои со цели листови препишуваа и си кажувавме меѓу себе...таа што не чуваше добра беше, мирничка
Ај ај колку не ми е точно само ама нема везе Леле... епа повеќе од 3ка ни јас не очекувам Некако многу глупости сум треснала вака кога читам што сте пишувале вие, што јас
Некој? И за глаголскиот прирок каков и да беше реченицата да ја памти? ја се молам да биде опис за Јон и да ми го признаат тоа еднина ј и и а множина те. Кај нас имаше препишување а во др. училни ништо, мене ми кажаа само за естетиката... И со срцето како беше, зошто напишав СРЦЕТО ГО? Ич не сум задоволна...
леле блазесиви кога ве читам велите се препишувало лом се правело кај некои, кај нас (во нашата училница бевме 5 деца, и неможеше глава да се дигне без да не гледа таа, препис па да не зборам..пробав ја од ливче најјскришно и итро бар зборче да ѕирнам нема шанси..не ме фати ама одма почна да шета...препис никаков немаше кај мене ептен беше строго се надевам на англиски ке се смени ова 180 степени
Во оваа училница јас кај што бев немаше многу препишувања. Нон стоп доаѓаше една да не’ надгледува. Многу деца опоменила. За другите училници не знам дали се препишувало.
А кај езероно што напишавте јас дека е хетерострофична дека е пејсажна дека сакал поетов да умри таму дека има метафора во третата строфа е описот К. Миладинов и што имаше друго?
Добро поминав и се надевам дека ќе имам посолидна оценка.. препишувања и поткажувања воопшто немаше , беше многу строго кај мене , така да ќе се видат реалните капацитети на сите кои беа со мене
Ајде не се секирај пак ќе извадиш 5ка И точно беше срцето барем ја така го напишав. А може и со го да ти го прифатат. Ќе видиме по клучот(едвај чекам да излезе) кога излага клучот инаку? Ректор и театар беше третото под В
А, она како се вика појавата кога еден збор означува две нешта. Пример патент(за закопчување) и изум. Пишав хомоними -преосмислување зборови. Ама ме збуни како е поставено прашањето , вика појава?